Јоханес Гутенберг

(Пренасочено од Гутенберг)

Јоханес Гутенберг (германски: Johannes Gensfleisch zur Laden zum Gutenberg; ~1394-1468), бил германски пронаоѓач, печатач, издавач и златар, кој го вовел печатењето во Европа со неговата техниката за печатење со подвижен слог. Неговото дело ја започна печатарската револуција во Европа и се смета за пресвртница на вториот милениум, воведувајќи го модерниот период на човечката историја. Тој одигра клучна улога во развојот на ренесансата, реформацијата, добата на просветителството и научната револуција, како и поставувањето на материјалната основа за модерната економија базирана на знаење и ширењето на учењето кај масите.

Јоханес Гутенберг
РоденЈохан Гутенберг
~ 1394[1]
Мајнц, денешна Германија
Починал3 февруари 1468
Мајнц, денешна Германија
НационалностГерманец
Занимањегравер, пронаоѓач и печатар
Познат(а) попечатење со подвижен слог
Вероисповедкатолик
Сопружник/циЕлза Вирик Гутенберг

Ја усовршил печатарската машина и прв почнал да користи излеани метални букви. Во 1455 година ја отпечатил Библијата и во 1457 година отпечатена била првата книга во боја — „Мајнчкиот псалтир“ во црна и црвена боја. Починал во 1468 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди