Густавија

главно гратче на островот Свети Вартоломеј

Густавија (француски: Gustavia) — гратче и управно седиште на францускиот остров Свети Вартоломеј во Карибите. Населението брои 2.300 жители, а наречено е по шведскиот крал Густав III.

Густавија
Gustavia
гратче и округ
Поглед на Густавија
Поглед на Густавија
Карта

Густавија во рамките на Свети Вартоломеј
Земја Франција
Прекум. заедницаСвети Вартоломеј
Основана1785
Управа
 • ПретседавачБрино Магра
Површина
 • Вкупна3,4 км2 (13 ми2)
Население
 • Вкупно2,300
Час. појасAST (UTC-4)
Поглед на пристаништето

Историја

уреди

Свети Вартоломеј први го зазеле Французите во 1648 г. Островот е предаден на Шведска во 1784 г. во замена за трговски права во градот Гетеборг, кога воедно е основана Шведската западноиндиска компанија. Prospering during the Наполеоновите војни, assets were low thereafter, and the island was sold back to France in 1878.

Местото на денешното гратче првично го носело француското име Ле Каренаж (Le Carénage - „кобиличница“) по засолништето за поправка на оштетени бродови. Според архивските материјали, Gustavia за првпат се среќава кон крајот на 1786 и почетокот на 1787 година. Денес името е оставнина времето на шведското владеење.

Од средината до крајот на XVII век се изградени три тврдини како заштита за заливот и пристаништето: Оскарова (порано Густав Адолфова), Карлова и Густавова. Крај брегот се наоѓа англиканската црква „Св. Вартоломеј“, изградена во 1855 г.

Збратимени градови

уреди

Густавија е збратимена со градот Питео во покраината Норботен, Шведска

Знаменитости

уреди

Популарни знаменитости во и околу гратчето се крајбрежната Карлова тврдина јужно од градот и Густавовата тврдина на север со нејзиниот светилник. На крајот од Густавискиот Полуостров е Оскаровата тврдина, во која е сместена жандармеријата, а понатаму е и музејот. Шведска има свој конзулат.

Клима

уреди

Островот има тропска саванска клима (Aw) според Кепеновата класификација[1], со мали температурни разлики низ годината. Поради неговата мала површина (24 км2), низ островот струјат благи и пријатни пасати. Водата има просечна температура од 27 °C, а годината е поделена на две сезони: сува и дождовна. Дождовната настапува од мај до ноември и се одликува со постојана сончевина и кратки врнежнии со траење од 10-15 минути.

Стопанство

уреди

Во Густавија има неколку ресторани со американска, италијанска, француска и други кујни. Покрај тоа, во гратчето има бројни ексклузивни бутици и луксузен хотел кои ги носат неопходните приходи за островот. Матична валута е еврото.

Образование

уреди

Гратчето има претшколска установа и основно училиште, обете во надлежност на Академијата на Гваделуп.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Gustavia, Saint Barthélemy Köppen Climate Classification“. Weatherbase.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-11. Посетено на 19 јуни 2015.
  2. "Liste des ecoles publiques et privees sous contrat." Académie de la Guadeloupe. посет. 10 март 2018 г.

Надворешни врски

уреди

17°53′52″N 62°51′02″W / 17.8979° СГШ; 62.8505° ЗГД / 17.8979; -62.8505