Гробот на Абрахам Линколн
Гробот на Абрахам Линколн или само Гробот на Линколн (англиски: Lincoln's Tomb) е вечниот дом на шестнаесетиот претседател на САД, Абрахам Линколн, но и на неговата жена Мери Тод Линколн и на три од четирите негови деца.[2]. Гробот се наоѓа на гробиштата Оук Риџ во Спрингфилд, Илиноис и е под закрила на државата Илиноис под името „Државно историско место Гроб на Линколн“.[3]
Историја
уредиНа 15 април 1865, денот кога умрел Абрахам Линколн, група граѓани од Спрингфилд го создадел Националното здружение Споменик Линколн и започнале акција за собирање средства за создавање меморијален центар или гроб на Претседателот.[4]
По доаѓањето на телото на Претседателот на 3 мај, истото било положено во Стариот државен капитол на Илиниос само една вечер[3]. По закопот следниот ден, ковчегот на Линколн бил положен во гробиштата Оук Риџ, место кое го избрала жената на Линколн.[4] Во декември останките на Линколн биле преместени, привремено, на друга локација, која денес е обележана со мал гранит и се наоѓа позади гробот на едно брдо.[5] Во 1871 година, три години по изградбата на гробницата, телото на Линколн и телата на неговите три сина биле положени во новиот, нецелосно изграден гроб.[3]
Во 1874 година, веднаш по целосната изградба на меморијалниот центар кој бил дизајниран од Ларкин Голдсмит Мид, останките на Линколн биле положени во саркофаг во соба позната како „катакомби“.[4]
Галерија
уреди-
Дел од меморијалниот центар.
-
Бронзена статуа на Линколн.
-
Собата каде се наоѓа саркофагот на Линколн.
-
Надгробна плоча на Мери Тод Линколн.
Наводи
уреди- ↑ „Lincoln Tomb“. National Historic Landmark summary listing. National Park Service. Посетено на 2007-10-11.
- ↑ Lincoln Tomb
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Lincoln Tomb“. Архивирано од изворникот на 2010-08-23. Посетено на 2010-11-06.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 National Parks Service: Survey of Historic Sites and Buildings
- ↑ FindAGrave
- Национален парк на САД Архивирано на 26 октомври 2004 г.
Надворешни врски
уреди„Гробот на Абрахам Линколн“ на Ризницата ? |
- Историско место Гроб на Линколн Архивирано на 30 октомври 2013 г.
- Национални историски знаменитости Архивирано на 26 декември 2007 г.
39°49′24″N 89°39′21″W / 39.82333° СГШ; 89.65583° ЗГД
Оваа статија за САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |