Григориј II (охридски архиепископ)
Григориј II бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1351 до 1378 година или подоцна[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.
Григориј II | |
---|---|
Ракоположен | 1351 |
Службата завршила | околу 1378 |
Претходник | непознато |
Наследник | непознато |
Лични податоци | |
Роден | 14 век |
Починал | 14 век |
Други папи наречени Григориј |
Неговото прво споменување е во еден натпис во црквата Свети Климент и Пантелејмон во Охрид, кој датира од околу 1364-1365 година. Во 1367 година, цариградскиот патријарх Филотеј го поканил да учествува на црковниот собор во Цариград. Се смета дека тој бил противник на унијата со т.н. Западна црква. Последното негово споменување датира од 1378 година во една охридска црква.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.