Гривни (ногавици или ногалки) — оклопен штитник за нозете. Се среќаваат во парови и од најразлични материјали, од наполнет текстил, па до челична ламарија. Некои видови го штитат само долниот дел (полугривна) или пак го покриваат и горниот дел, за заштита на бутините.

Грчки гривни, 500 п.н.е.

Гривните најчесто се среќаваат во оклопната опрема кај тешката пешадија од античко време. Македонските фалангити носеле бронзени гривни. Тријариите, подобро опремените римски војници пред времето на Сула, носеле гривни на обете нозе како егејските. Принципите и хастатите често носеле само една гривни (на левата нога), или пак ниедна. Римските центуриони носеле посебни гривни, преиначени од стандардната униформа. Во времето на империјата, легионерите не носеле гривни, освен центурионите, кои ги задржале.

Во средниот век почнале да се изработуваат гривни кои ја штитат ногата од сите страни, и така настанал поимот полна гривна (наспроти античките, кои се нарекувале полугривни).

Гривните се споменати и во Стариот завет (таму наречени „ногавици“ или „ногалки“) (1 Самуил, 17:6 Архивирано на 8 мај 2008 г.) како ножни штитници на џинот Голијат во неговата борба со еврејското овчарче Давид.

Поврзано

уреди

Предлошка:Elements of Medieval armor


 Оваа статија поврзана со оклоп е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.