Греeм Маршал Шарп (роден во Глазгов на 16 октомври 1960) — поранешен фудбалер. Тој ја започнал својата играчка кариера во Дамбартон пред да потпише со Евертон за £ 120,000 во 1980 година.

Шкотска Греем Шарп
Лични податоци
Роден на 16 октомври 1960(1960-10-16)(64 г.)
Роден во Глазгов, Шкотска
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1978-1980 Дамбартон 40 (17)
1980–1991 Евертон 322 (111)
1991-1997 Олдам 107 (30)
1997 Бангор Сити
Репрезентација
1985-1988 Шкотска 12 (1)
Тренер на екипи
1994–1997 Олдам Атлетик
1997–1998 Бангор Сити
* Ажурирано на: 2 јануари 2012
** Ажурирано на: 2 јануари 2012

Шарп бил оценет како еден од најдобрите играчи во воздухот и играч кој може да ја задржи топката и прецизно да ја дистрибуира за да обезбеди повеќе простор и можности за другите играчи околу себе. Тој формирал успешни партнерства во нападот со Енди Греј, Адријан Хит и Гери Линекер. Во сезоната 1984-85 Шарп постигна 30 гола во 54 натпревари.

Во 426 настапи за Евертон (21 како замена), Шарп постигна 159 гола што го става на прво место по бројот на постигнати голови за клубот после воениот период. Само Дикси Дин (пред Втората светска војна) досега постигнал повеќе голови за клубот од Шарп.

Тој не бил во прв план кај клубот сè до доаѓањето на менаџерот Хауард Кендал, кој наскоро потоа го избира Шарп како редовен напаѓач во почетната постав и беше награден удобно откако тој му возвратил со постигнати 15 гола во 29 лигашки натпревари. Головите продолжија да доаѓаат во текот и на следните девет сезони.

Најголемите достигнувања на Шарп како дел од тимот на Евертон беа во 1984 година кога триумфираа во ФА Купот (тој го постигна првиот гол во финалето), а во 1985 и 1987 година тие го освоија првенствениот наслов во Првата дивизија. Во 1985 година Евертон го освојува и Европскиот Куп на Победниците на Куповите. Во октомври 1984 година, тој го постигна единствениот погодок во првата победа на Евертон на Енфилд од 1970 година. Тој исто така беше и на губитничката страна во финалињата на ФА Куп во 1986 и 1989 година, кога и во двете овие финалето титулата отиде кај локалните соперници на Евертон Ливерпул. Неговата клучна улога во оваа златна ера доведе до негово вклучување во "Најголемиот тим на сите времиња" на Евертон, по изборите по повод 125-годишнината на клубот.

Титули

уреди

  Евертон

уреди