Грб на Узбечката Советска Социјалистичка Република

Грбот на Узбечката Советска Социјалистичка Република бил усвоен на 14 февруари 1937 година, од страна на владата на тогашната Узбечка ССР.

Грбот на Узбечката ССР.

Опис уреди

Грбот се заснова на грбот на СССР. Прикажува симболи на земјоделието (памук и пченица), а во позадината се наоѓа изгрејсонце, симбол на иднината на континентото. На грбот се наоѓа и црвена ѕвезда и срп и чекан, симболи на комунизмот. Во склоп на грбот се наоѓа и мотото на СССР "Пролетери од сите земји, обединете се!" напишан на узбечки и руски јазик. На дното на грбот се наоѓа и натписот "Ўз. С.С.Р.", узбечка скратеница за "Узбечка Советска Социјалистичка Република".

Грбот бил на сила сè до 1992, кога бил заменет со денешниот грб на Узбекистан.

Поврзано уреди