Грбот на Боцвана е официјалниот грб на оваа јужноафриканска држава. Грбот бил усвоен веднаш по независноста на државата од Велика Британија, поточно грбот бил усвоен на 25 јануари 1966 година.

Грб на Боцвана
Подробно
ГрбоносецБоцвана
Усвоен25 јануари 1966
Штитисточноафрикански штит со приказ на клипови, вода и бик.
Држачизебри, слонова коска и сирак.
Мото„Pula“

Дизајн

уреди

Централен елемент на грбот е штитот, кој е источноафрикански. Штитот е бел и на негови има приказ на три елементи. На горниот дел од штитот има приказ на три клипа со по 12 запци, во средината има приказ на3 брановидни ленти и во долниот дел ома приказ на глава од бик.

Штитот е придржуван од по една зебра од левата и од десната страна. Зебрите се исправени на задните нозе. Левата зебра пред себе има слонова коска, додека десната зебра пред себе ја има житарицата сирак. Штитот и држачите се поставни на сина лента на која е испишано националното гесло на цвана „Pula“ („дожд“).

Симболизам

уреди

Клиповите на штитот ја симболизираат индустријата во државата. Трите брановидни ленти ја симболизираат водата, бидејќи водата има големо значење во државата. Бикот ги симболизира говедата во државата, бидејќи говедата имаат силно влијание во општеството. Зебрите се карактеристичен и важен елемент од дивиот свет на државата, сиракот е важна растителна билка во државата и слоновата коска ја симболизира поранешната трговија со слонови коски. Геслото „Дожд“ е тесноповрзано со симболизмот на водата, но се верува дека истото значи и среќа.

Наводи

уреди
  • Guide to the Flags of the World by Mauro Talocci, revised and updated by Whitney Smith (ISBN 0-688-01141-1), p. 165.

Поврзано

уреди