Знаме на Боцвана
Знамето на Боцвана е националното знаме на државата кое било усвоено на 30 септември 1966. Знамето има размер од 2:3.[1]
Употреба | државно знаме |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 30 септември 1966 |
Опис | Хоризонтални три ленти во светла сина, бела и црна боја. |
Дизајн
уредиОсновата на знамето е со сина боја. Низ средишниот дел на знамето има поставена хоризонтална црна лента, а над неа и под неа има по една мала бела лента. Размерот на лентите е 9:1:4:1:9.[1]
Симболизам
уредиСината боја ја симболизира водата, поточно дождот. Дождот е од големо значење за нацијата и на цвана се именува како „Pula“. Зборот „Pula“ е националното гесло на државата и значи „дожд“, но и „надеж“. Геслото е поставено и на националниот грб. Белите и црната лента ја симболизираат етничката хармонија во државата. Покрај тоа, црната и белата боја ја симболизира зебрата, која е прикажана на националниот грб.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Знамиња во светот: Боцвана“ (англиски). Посетено на 2012-05-09.
Надворешни врски
уреди