Граматички категории на именките во македонскиот јазик

Именките се зборови кои се користат да се означат поими, суштества, предмети, појави и поими. Именките во македонскиот јазик имаат неколку одлики, како што се определеност, број и род. Според тоа граматичките категории на именките во македонскиот јазик се родот, бројот и определеноста.

Падежни остатоци уреди

Македонскиот јазик е еден од двата словенски јазици кои немаат падежен систем. Падежните форми се заменети со предлози и лексички изрази. Сепак, денес во македонскиот јазик има мал број остатоци од поранешните старословенски падежи, односно падежни остатоци од вокативот и акузативот. Овие остатоци се такви форми на зборови кај кои со посебни наставки се искажува нивната функција во реченицата. Овие падежни форми биле вообичаен начин на изразување на функциите. Денес овие форми се среќаваат само кај некои именки од машки и женски род со вокативбна служба, а многу ретко со други други служби како на пример акузативната или предметската. Поради постоењето на други форми, падежните остатоци исчезнуваат од македонскиот јазик.[1]

пр.
Боже мој! Што ли направи? (вокативна функција)
Мамо! Каде е млекото? (вокативна функција)
Вчера го видов Јована. наспроти Вчера го видов Јован.
Вокативни форми

Вокативните форми се користат за непосредно обраќање кон некого или нешто, најчесто кон човечко суштество. Преку нив свој израз наоѓа обраќањето или категоријата апел. Таа се остварува со посебна интонација и со граматички наставки. Вокативната интонација е неопходна за оваа служба на именките, а наставките се застапени само кај дел од нив, пред сè кај оние што именуваат човечки суштества (пр. мајко, брате, сестро итн.) Вокативни форми можат да имаат и именките што означуваат нешто неживо, ако по пат на персонификација им се препишува својство на соговорник во општењето (пр. Вардаре, земјо, Македонија, итн.) [2]

Именките од машки род своите вокативни форми ги образуваат со наставките и . Во пракса не постои јасна граница меѓу овие две наставки и двете може да се користат за една иста именка (свате, свату). Наставката почесто се среќава кај едносложни именки, а кај повеќесложни именки (крају, учителе). Машките имиња кои завршуваат на самогласка немаат вокативна форма (Никола, Ѓорѓи), а тие што завршуваат на согласка ка земаат наставката (Горане, Зоране).[3]

Именкие од женски род ги користат наставките и за вокатив. Првата наставка ја користат именки кои завршуваат на -ица и -ка (Јованке, Милице), додека втората ја користат именки кои завршуваат на (Маријо, Симоно). Именките од женски род што завршуваат на согласка немаат вокативна форма (љубов, радост). Именките од среден род немаат вокативни форми.[4]

Род уреди

Именките во македонскиот јазик имаат три рода: машки, женски и среден род. Граматичкиот род и природниот род во македонскиот јазик не секогаш се совпаѓаат. Граматичкиот род има свој израз кај сите именки, без оглед на тоа дали именува нешто живо или неживо. Разликувањето на родот кај именките за предмети и појави се прави според завршетоците на именките за живи суштества.[5]

Родот на именките во македонскиот јазик доаѓа до израз при еднинската форма на именката. Именките од машки род во единина завршуваат на согласка или на некоја самогласките. Општите именки што означуваат лица завршуваат на согласка (наставник, ученик), на (владика, судија), на (стрико, татко), на (вујче) и сосема ретко на некои некарактеристични завршетоци за македонскиот јазик, како што се -и (кули[1]) и -у (гуру). Кај личните имиња од машки род како наставки се јавуваат согласки (Јован), (Здравко), (Никола), (Јане), (Ѓорѓи). Некои именки кои граматички се од машки род може да се однесуваат на лица од женски род (пр. возач, ректор и сл.) [6]

Именките од женски род најчесто ја земаат наставката . Сепак, има одредена група именки од женски род кои завршуваат на согласна група или согласка (пр. радост, пот и др.). Женските имиња во македонскиот јазик, покрај тоа што завршуваат на „а“, можат да завршат и на „е“ (пр. Лиле, Маре итн.)[2]. Именките индивидуа, личност, странка, персона се однесуваат и за машки и за женски род.[7]

Именките од среден род најчесто ги земаат наставките и (око, пиле)[3].

Некои именки во македонскиот јазик може да се двородови, односно може да бидат именки и од машки или женски род. Такви се на пример именките вар, жар, пепел и сл.[8]

Број уреди

Бројот на именките опфаќа единичност и множество на предметите, лицата, појавите и слично. Според тоа, во македонскиот јазик се разликуваат еднината и множината. Еднината означува една именка, додека множината означува повеќе именки. Оваа теоретска поделба има и неколку исклучоци, односно специјални случаи. Така на пример, понекогаш едининската форма на именката може да означува множество, како на пример зборот „леб“ во реченицата: Колку леб продадовте? Спротивно на ова, има и множински форми кои означуваат еден предмет, како што се зборовите: „фармерки“, „очила“, „ножици“ и слично.[9]

Во единина, по правило се употребуваат[10]:

  • сопствените именки - имиња на луѓе, животни, топоними и друго. Понекогаш може сопствените имиња да имаат множински форми, но тогаш или тие означуваат повеќе лица со исто име или се именува некое семејство, како на пример: Петреви, Бекамови и сл.
  • збирни именки- такви на пример се мебел, население и др.
  • материјални именки - такви на пример се именките бакар, шеќер и слично. Исклучок на ова се случаите кога именките имаат значење на одделни видови (пр. вина, ракии и сл.) и именки кои означуваат измерено количество (пр. две/ три вина, две/ три ракии и сл.)
  • дел од апстрактните именки кои се употребуваат со нивното основно значење (пр. просвета, капитализам и сл.).

Видови множина уреди

Во македонскиот јазик има три видови множина, обична, избројана и збирна множина.

Со обичната множина се дава информација дека станува збор за повеќе предмети или лица што може да се бројат. Такви се на пример именките: книги, телевозори, сметачи итн. Обичната множина кај именките од машки род се образува со наставките: -и, -ови/ -еви, -вци (-овци). Со наставката множина образуваат повеќесложните, поретко едносложните именки (пр. гледачи, коњи, мажи итн.). Наставката -еви/ -ови се јавува кај едносложните именки (пр. броеви, кејови итн.), додека наставката -вци се јавува кај личните имиња и роднинските именки (пр. дедовци, стриковци итн.) Именките од женски род ја користат наставката за формирање множина (пр. вести, гимназии итн.), со исклучок на именките: раце, нозе и крвови. Именките од среден род ги користат наставките -а, -иња и многу ретко (пр. грла, села, времиња, дечиња, очи). Посебна форма е именката деца.[11]

Со избројаната множина се укажува најчесто на два или на повеќе предмети, во определено, избројано количество (пр. два/ три збора, пет/ шест клуча итн.) Покрај тоа, овие именки или оваа множина може да се искаже и со некои количествени прилози, како што е на пример „неколку“. Именките од избројаната множина секогаш одат со некој број или со прилог за количество и се образуваат со наставката (пр. неколку дена, два/ три часа итн.) [12]

Со збирната множина се нагласува дека едно множество се гледа како целост, а не како сума од избројливи елементи. Споредбено, оваа множина изгледа вака: корење/ корења, лисје/ лисја итн. Формите на збирната множина ги користат наставките: -је, -ја, а понекогаш и -ишта (пр. лисје, ридје, краишта) [13].

Обичната и збирната множина ја има кај именките од сите три рода, а избројаната множина е карактеристична сам за именки од машки род што завршуваат на согласки во еднина. Наставките за множина во голем број случаи се додава на основниот корен на зборот, а не веднаш до еднинската форма на именката. При таквите случаи доаѓа и до одредени морфолошки и фонетски промени. Така на пример множината од „белег“ е „белези“ — наставката се додава на коренот од зборот „беле-“ — и формата „белеги“ не ја препознава македонскиот јазик [14].

Во македонскиот јазик има одреден број именки кои не се дел ниту од еден начин на формирање множина, како што се на пример именките: луѓе, ветрови, огнови итн.[15]

Определеност уреди

Определеноста е една од најкарактеристичните и најпрепознатливите белези на македонскиот јазик. Во македонскиот јазик има наставки со кои може да се издели, определи, или препознае некој предмет од повеќето такви истородни предмети. Тие наставки се членски наставки, т.е. член. Ако некоја именка е членувана тогаш станува збор за определеност, а ако не е членувата тогаш станува збор за неопределеност. Наставките, т.е. членовите во македонскиот јазик се:

машки род
еднина
машки род
множина
женски род
еднина
женски род
множина
среден род
еднина
среден род
множина
определеност - от - те - та - те - то - та
блиску - ов - ве - ва - ве - во - ва
далеку - он - не - на - не - но - на

Примери:

  • Јас го видов човекот. (именката „човек“ е позната за говорителот и слушателот и поради тоа се користи член за определеност.)
  • Јас го видов човекон. (именката „човек“ е подалеку од говорителот и слушателот и се користи член за подалеку, што со други зборови е исто со „оној човек“)
  • Јас го видов човеков. (именката „човек“ е поблиску до говорителот и слушателот и се користи член за поблиску, што со други зборови е исто со „овој човек“)

Користена литература уреди

  1. ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.

Белешки уреди

  1. „Кули“ значи носач или возач и е преземен од хиндискиот јазик. Не е исто со зборот кула/ кули.
  2. Странските имиња може да завршат и на некоја друга согласка или самогласка.
  3. Именките од странско потекло кои се од среден род може да имаат други наставки.

Поврзано уреди