Град (река)
Град или Граматиковска Река (грчки: Γραμματικό Ρέμα) — река во Егејска Македонија, притока на Островското Езеро.[1]
Град Γραμματικό Ρέμα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Каракамен |
• координати | 40°40′06″N 21°56′20″E / 40.6683° СГШ; 21.9390° ИГД |
Устие | |
• место | Островско Езеро кај Уклемеш |
• координати | 40°43′22″N 21°47′23″E / 40.7228° СГШ; 21.7896° ИГД |
Особености на сливот | |
Реката се образува во северозападниот дел на планината Каракамен во Негушко од мноштво потоци кои извираат северно под врвот Ликоскала. Тече првично на север, а кога ќе мине западно од воденското село Горно Граматиково свртува на запад јужно под црвот Варџар (1.096 м) и излегува од планината кај Долно Граматиково. Проаѓа низ селото (од кое го добива другото име) и тече на југозапад. Во месноста Карагача во Кајларско свртува на запад и минува низ клисура меѓу возвишенијата Курбан на север (835 м) и Град на југ, на кое е сместена истоимената тврдина Град. Во клисурата реката ја прима големата лева притока Стримнитка[1] и тука на неа има два стари моста — Гелин мост под Град и подолниот Сандре-мост.[2][3] Откако ќе излезе од клисурата северно од Катраница (Пирги) реката завива на северозапад и по мала клисура пролом се влева во Островското Езеро северно од леринското село Уклемеш.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Πύργοι“. Χάρτης της Ελλάδος. Архивирано од изворникот на 2003-11-26. Посетено на 2 јануари 2015.
- ↑ „Φωτογραφίες από τους Πύργους Κοζάνης“. Το περιπλανόμενο τουατάρα. Архивирано од изворникот на 2014-12-30. Посетено на 2 јануари 2015.