Град (Нестрам)

тврдина кај Нестрам, Костурско, Егејска Македонија

Град, често членувано Градо[1] Градот, Градут[2] или Крепоста[2] (грчки: Κάστρο, Γκρατ, Γκράδο[1]) — античка населба и средновековна тврдина чии остатоци се наоѓаат над селото Нестрам во Костурско, Егејска Македонија.[3]

Град
Κάστρο
Горнени и Долнени гледани од Горуша. Десно над Горнени е Градот
Карта
МестоНестрам, Костурско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°25′00″N 21°03′50″E / 40.4166° СГШ; 21.0639° ИГД / 40.4166; 21.0639
Надм. вис.1.017 м
Видтврдина
Историја
Раздобјеантика
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини

Местоположба

уреди

Тврината е сместена на врвот на мал зремнет рид веднаш источно од маалото Горнени и северно од маалото Долнени, на висина од 1.017 м.[4][5] На малата висорамнина е изграден параклисот „Св. Троица“, каде секоја година се празнува Духовден.[5]

Историја

уреди

Во тврдината има остатоци од одбранбени бедеми, станбени објекти и водовод. Мештаните сметале дека му припаѓала на Самуиловииот војсководец Несторица, со чие име е поврзано и друго предание за името Нестрам.[2][6]

Во месноста Лоско под ридот се пронајдени поголем број округли плочки од хипокаустни столбови за бања, клинени цевки за аквадукт, столбови, капители, монети и други археолошки артефакти кои се чуваат во општинската археолошка збирка. Тоа ја поткрепува хипотезата дека станува збор за населба со Хиподамов уличен план. Тоа според грчки податоци е Град.[1]

Нестрамецот Кирил Радев напишал за тврдината:

„Градут“ или „Крепоста“ е чудна појава на големата природа. Това е висок пресечен конусовиден врв во близина населото. За да се стигне до висорамнината на „Градут“, некогаш опкружен со видоки камени ѕидини и најдени остатоци од водовод , се користи само едана коњска патека. На висорамнината се откриени остатоци од станбени градби во сопственост на феудалецот Несторица, проучен Самуилов војсководец, како и остатоци од складови за храна, амбари, плевни и други стопански градби. Се гледаат неколку пештери во карпите, кои служеле како природни складови во тврдината. Тврдината била срушена од Османлиите.[2]

Во 1995 година во Градо, при работа по селски пат случајно е откриен мозаичен под со геометриски украси. Есента истата година се спроведени проучувачки ископувања со кои се најдени остатоци од ѕидови и керамика. Мозаикот е израбботен од мермерни и сини камчиња. Датирањето е отежнато поради малата површина и застапените украсно-геометриски кои се повторуваат на многу мозаични подови од III до VI век.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Το χωριό μας“. Πολιτιστικός Σύλλογος Νεστορίου «Νέστωρ». Посетено на 31 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Радев, Кирил (1998). Лични бележки за село Нестрам, Костурско. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 51.
  3. „Κάστρο του Λογγά“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 29 декември 2020.
  4. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 364. ISBN 978-960-86676-6-2.
  5. 5,0 5,1 „Καστοριά – Νεστόριο – Νέα Κοτύλη – Παλιά Κοτύλη – Κυψέλη“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 20 јули 2022.
  6. Радев, Кирил (1998). Лични бележки за село Нестрам, Костурско. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 52.