Градиште (Модрич)
„Градиште“
| |
Местоположба | 41°22′0″N 20°34′19″E / 41.36667° СГШ; 20.57194° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Модрич |
Општина | Струга |
Тип | |
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Модрич. Претставува утврдена населба со предградие од доцноантичко време и средновековна населба со некропола. Се наоѓа на околу 2 км североисточно од селото, од левата страна на патот Струга-Дебар, на голем простор кој зафаќа површина од 800-1000 м2 во правецот исток-запад и околу 2 км во правецот север-југ. На северната страна се наоѓа месноста Долни Калец, каде што се пронајдени грамади од кршен камен, а на една мала височинка се забележани остатоци од урнатини на објект – кула. На северозападниот дел од наоѓалиштето лежи месноста Горни Калец, каде е забележана речиси идентична ситуација како и кај Долни Калец. Градиштето е сместено на висок рид со доминантна местоположба и има зарамнето плато со димензии од 15 × 15 м. И овде по површината се забележителни грамади од кршен камен и една просторија ѕидана од кршен камен и варов малтер, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и друго. Во непосредна близина на градиштето се наоѓаат месноста Св. Архангели и пештерата Светени. Во селската црква се чуваат повеќе гробни прилози, откриени во гробови кои се наоѓале во склопот на споменатите наоѓалишта. Гробните прилози се стари од XII век.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |