Градиште (Граиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Остатоци од ѕидините

Карта

Местоположба 41°14′16″N 21°13′14″E / 41.23778° СГШ; 21.22056° ИГД / 41.23778; 21.22056
Основни податоци
Место Граиште
Општина Демир Хисар
Тип

 градиште


Период раноантичко време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Граиште. Претставува градиште од раноантичко и доцноантичко време. Се наоѓа на висок конусен рид со зарамнето плато, опкружено од три страни со речни долини. Оградено е со три појаси од одбранбени ѕидови градени од камен без малтер, кои во вид на тераси опфаќаат простор од околу 10 хектари. По површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се повеќе од 200 монети од IV-II век пред н.е. Во западното подножје се откопани гробови со златен накит. На највисокото плато, остатоците од раноантичкото градиште, кои се на површина од околу 3 хектара, се опфатени со доцноантичкиот бедем ѕидан од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и монети. Во јужното подножје на ридот, над селското училиште се откопани поголем број гробови градени од камени плочи во кои меѓу прилозите имало и монети од IV век. Наодите се сместени во Музејот на Македонија во Скопје и во Заводот и музеј во Битола.[1] Во изворите покрај името Градиште фигурираат и имињата Брианион, Трипола и Добрун.[2]

Во 2009 година поради поставување на антени, 2\3 од наоѓалиштето биле неповратно уништени. Тоа довело до серија негативни критики во јавноста.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Демир Хисар и Демирхисарскo низ вековите и денес - Ванѓелко Лозаноски, Битола 2005
  3. Уништен археолошкото наоѓалиште Градиште кај Граиште, Демир Хисарско[мртва врска]

Надворешни врски

уреди