Градишки манастир
Градишки манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Градиште.
![]() Поглед на манастирските конаци | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Градишки манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Ѓорѓи“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | XIX век |
Посветен на | Свети Ѓорѓи |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Цркви | Црква „Св. Ѓорѓи“ |
Личности | |
Место | |
Место | Градиште, Општина Куманово ![]() |
Координати | 42°0′47″N 21°53′30″E / 42.01306° СГШ; 21.89167° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, чешма, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Клечовска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа во јужниот дел на атарот на селото и до него се стигнува преку асфалтен пат, кој започнува од главниот регионален пат 1204, кој поминува покрај Градиште. Тој бил изграден покрај рушевините на тврдината Градишки В’р.[1]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, чешма, конаци и помошни објекти.
Црква „Св. Ѓорѓи“
уредиЦрквата е единствениот храм во манастирот.
Конаци
уредиЕдна зграда (конак) со приземје и кат.
Историја
уредиМанастирот бил изграден кон крајот на XIX век на остатоци на стар храм. Внатрешноста на манастирската црква имала живопис.[1]
Некогаш, овој манастир бил многу познат и богат со земја, стока и пчеларници. Самиот манастир изгледал величенствено на високата местоположба и сред шума. Селото Кучкарево е основано на манастирските пчеларници.[1]
Меѓутоа, за време на отоманскиот период, стариот манастир бил срушен. Околните христијани и тогаш се собирале кај неговите рушевини. На денот на манастирските слави (Мала Богородица и Цветници), кај манастирот доаѓале бројни гости од Кумановско, Овче Поле и Кратовско.[1]
Галерија
уреди-
Внатрешноста на параклисот
-
Бунар
-
Поглед на манастирската црква
-
Поглед на параклисот
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Градишки манастир на Ризницата ?