Градинарска стрнарка
Градинарска стрнарка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Стрнарки |
Род: | Emberiza |
Вид: | Градинарска стрнарка |
Научен назив | |
Emberiza hortulana Linnaeus, 1758 |
Градинарската стрнарка или градинарската овесарка (науч. Emberiza hortulana) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Распространета е речиси низ цела Европа и западна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Таа е птица преселница која зимува во тропска Африка.
Опис
уредиГрадинарската стрнарка е долга 16 см и тежи 20-25 грама, а по надворешен изглед личи на жолтогрлата стрнарка, но ѝ недостасува светлата обоеност. На пример, главата на градинарската е зеленикавосива, немасто светложолта. Песната е слична, монотоно чрчорење.
Поведение
уредиЖивеалиштето на оваа птица се нивите, ораниците, полињата со пченка и сл. Живее и во лозовите насади, но не се храни со грозје.
Гнездото го сместува на земја или во грмушка близу до земја, а јајцата се прошарани со линии слични на влакненца. Обично се храни со семиња, но додека ги храни младенчињата се храни со инсекти.
Гастрономија
уредиВо Франција, оваа птица се смета за специјалитет. Еден начин за брзо гоење на птицата е со затворање во темна кутија со просо, што ја принудува да се храни постојано.
Ритуалот на јадење, пак, бил да ја покријат главата и лицето со голема салфетка и на тој начин да се почувствува полниот вкус и мирис на храната.[2]
Исто така, во 1996 година, прошталната вечера на Франсоа Митеран содржела специјално подготвена ваква птица.[3]
Ловот на градинарската стрнарка е забранет во Франција 1999 година, но законот слабо се применувал и се смета дека околу 50.000 птици биле убиени секоја година. Во 2007 година, под притисок на Француската лига за заштита на птиците и Европската унија, француската влада вети дека ќе се спроведе директивата на ЕУ за заштита на оваа птица.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Emberiza hortulana“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Урбан лов
- ↑ „François Mitterrand's Last Meal“. NPR. February 18, 2006. Посетено на 2008-05-26.
- ↑ Roasted songbird banned in France Архивирано на 25 октомври 2012 г. from MSNBC.com
- ↑ Susan Bell (10/09/2007). „France's songbird delicacy is outlawed“. Sunday Telegraph. Архивирано од изворникот на 2008-06-30. Посетено на 2008-02-21. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
„Градинарска стрнарка“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
уреди- Oiseaux Фотографии, текст и мапа (француски)
- Возраст и пол (PDF; 1.6 MB) од Javier Blasco-Zumeta and Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.