Гоцева мисла
Гоцева мисла претставува меѓународна награда за културен натпревар меѓу народите, инспирирана од мислата „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ од револуционерот Гоце Делчев. Наградата се доделува во пресрет на неговиот роденден на 4 февруари секоја година на лица кои дале особен придонес во културна афирмација на македонскиот народ и некоја друга нација. Прв историски добитник бил хрватскиот амбасадор во Македонија, Златко Крамариќ во 2013 година. Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.[1]
Лауреати
уредиГодина | Добиник | Занимање | Образложение |
---|---|---|---|
2013[2] | Златко Крамариќ | амбасадор | награден за афирмација и популаризација на македонската книжевност, уметност и култура, за воспоставување и негување на меѓусебните културни врски меѓу Македонија и Хрватска, за континуираното одржување на демократските процеси и перманентното поттикнување на културниот натпревар меѓу народите |
2014[3] | Олга Панкина | писателка и преведувачка од русија | наградена за нејзиниот севкупен придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик |
2015 | Данијела Костадиновиќ[4] | универзитетски професор од Србија | наградена за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно со нејзините бројни текстови, преводи и книги од македонски автори на српски јазик |
2016 | Тања Попова и Звонко Танески[5] | поет (Попова) и преведувач (Танески) | Попова наградена за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската книжевност и култура во странство, посебно со нејзините бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик Танески награден за бројните преводи на македонски автори и книги на словачки јазик. |
2017 | Волф Ошлис, Горан Калоѓера, Лилјана Јанаќковиќ и Ресул Шабани[6] | / | / |
2018 | Суат Енѓулу, Елка Наголова и Ристо Василевски[7] | / | / |
2019 | Кирил Темков, Жан-Патрик Конрад[8] | професот од Филозофскиот факултет во Скопје ( Темков) и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз (Конрад) | / |
Наводи
уреди- ↑ „Меѓународната награда "Гоцева мисла" за хрватскиот амабасадот Крамариќ“. Дневник. 3 февруари 2013. Посетено на 2013-02-03.[мртва врска]
- ↑ „Крамариќ добитник на „Гоцевата мисла"“. Курир. 3 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-06. Посетено на 2013-02-03.
- ↑ НАГРАДАТА „ГОЦЕВАТА МИСЛА“ ЌЕ И' БИДЕ ВРАЧЕНА НА ОЛГА ПАНКИНА[мртва врска]
- ↑ „Добитник на наградата „Гоцева мисла" е д-р Данијела Костадиновиќ од нишкиот универзитет“. Архивирано од изворникот на 2015-06-05. Посетено на 2015-02-25.
- ↑ „Тања Попова и Звонко Танески се годинашни добитници на наградата „Гоцева мисла"“. Архивирано од изворникот на 2016-04-05. Посетено на 2018-01-28.
- ↑ Наградата „Гоцева мисла“ за Ошлис, Калоѓера, Јанаќковиќ и Шабани[мртва врска]
- ↑ Наградата „Гоцева мисла“ за Суат Енѓулу, Елка Наголова и Ристо Василевски
- ↑ „Наградата „Гоцева мисла" за Кирил Темков и Жан-Патрик Конрад“. Архивирано од изворникот на 2019-02-17. Посетено на 2019-02-01.
Поврзано
уреди- Гоце Делчев;
- Прозни мајстори - прозна награда на фондацијата и ИК Феникс;
- Златен прстен - награда за творечки опус и високи креативни дострели на книжевен план на фондацијата и ИК Феникс;
- Македонска книжевна авангарда - награда за ново авангардно книжевно творештво на фондацијата;
- Струшко изгрејсонце - награда за најдобра книга за деца и млади од македонски автор, што ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје;