Господинот Дидс оди во градот (филм)
„Господинот Дидс оди во градот“ (англиски: Mr. Deeds Goes to Town) — американски филм од 1936 година, во режија на Френк Капра. Главните улоги ги толкуваат: Гари Купер, Џин Артур и Џорџ Бенкрофт. Филмот е добитник на „Оскар“.[1]
Синопсис
уредиГосподинот Дидс (го игра Купер) живее мирен и повлечен живот во еден мал град, а за разонода свири на туба. Наеднаш дознава дека наследил големо богатство и поради тоа се сели во големиот град. Таму, од сите страни настојуваат да зафатат дел од неговите пари, но Дидс успешно ги надмудрува сите. Меѓутоа, новинарката во еден весник, Бејб Бенет (ја игра Артур), глумејќи дека е дама во неволја, успева да се зближи со Дидс, а врз основа на дружењето со него пишува репортажи за весникот во којшто работи. Дидс се вљубува во неа, но подоцна дознава дека таа цело време го искористувала и поради тоа е многу разочаран. Истовремено, тој сака да им помогне на сиромашните луѓе, но адвокатите настојуваат да докажат дека е ментално непресметлив, со цел да му ги земат парите. Сепак, на судењето настанува пресврт кога целата публика застанува на неговата страна, а Бенет сфаќа дека и таа го сака Дидс.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |