Господар на играта

„Господар на играта“роман на Сидни Шелдон, првпат објавена во формат со тврди корици во 1982 година. Опфаќајќи шест генерации од животот на измисленото семејство МекГрегор/Блеквел, романот дебитирал на првотто место на списокот на New York Times на најдобро продавани книги. Подоцна, во 1984 година, врз основа на него била снимена телевизиска мини серија. На 4 август 2009 година (две години по смртта на Шелдон), издавачката куќа Вилијам Мороу и Друштвото (William Morrow and Company) го објавила продолжението на романот, со наслов „Госпоѓа на играта на Сидни Шелдон“, напишана од Тили Баксхав.

Master of the Game
1982 1st edition cover
АвторСидни Шелдон
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски, Португалски,[1] Spanish,[2] Италијански,[3] Француски,[4] Фински,[5] Германски,[6] Руски.[7]
ЖанрТрилер
Издавач„Warner Books“
Издадена
1982
МедиумПринтана (Мека корица и Тврда корица)
ISBN06-8801-365-1

Историја на објавувањето

уреди

Книгата „Господар на играта“ е преведена на голем број јазици и повторно печатена седумпати. Првобитно била објавена од издавачката куќа William Morrow and Co. во 1982 година. Во 1983 година, книгата била повторно испечатена уште четирипати: во јануари од страна на Харпер Колинс (HarperCollins), во јуни од страна на Тордик Пр. (Thordike Pr.), во август, во формат со меки корици од страна на Варнер букс (Warner Books), и во декември истата година од страна на Пен букс (Pen Books). Книгата била повторно пуштена во продажба во 1988 година, како издание на Варнер букс (Warner Books). Во 1993 година, романот Господар на играта бил дел од заедничкото издание на Дајмонд букс (Diamond Books), која била во сопственост на Харпер Колинс (HaprepCollins Publishers). Другите две книги од збирката биле „Крвна врска“ (1977 година) и „Бесот на ангелите“ (1980 година), двете најпродавани книги од Сидни Шелдон. Најновата верзија на книгата била испечатена во април 2005 година од ХарперКолинс (HarperCollins Ltd.)

Кратка содржина

уреди

Приказната започнува со прославата по повод деведесетиот роденден на Кејт Блеквел во 1982 година и се раскажува ретроспективно.

Приказната се поместува 100 години наназад, на враќањето на шкотланѓанец Џејми МекГрегор (1865-1894) во Клипдриф, Јужна Африка, во 1883 година, во потрага по своето богатство. Набрзо тој е измамен од богат холандски дуќанџија, Саломон Ван Дер Мерв, кој ги краде неговите дијаманти и го остава во пустината да умре. Џејми е спасен и одведен во Кејптаун од страна на Банда, банту слугата на ван дер Мерв. Џејми ја планира својата одмазда, поддржан од Банда, кој сака да ја одмазди својата помала сестра, која била силувана и убиена од Саломон. Двајцата се прикрадуваат во добро чуваните рудници за дијаманти на ван дер Мерв во пустината Намиб и успеваат да украдат многу дијаманти. Џејми, сега суров и непрепознатлив, се враќа во Клипдриф, го наведува Саломон да му поверува во приказната дека е богат деловен човек и ја силува неговата ќерка Маргарет, која постепено се вљубува во него. Сепак, кога Џејми ќе дознае дека таа е бремена од него, одбива да се ожени со неа и го открива својот вистински идентитет пред Саломон. Одземањето на невиноста на Маргарет станува тема на разговор на целиот град, поради што Саломон паѓа во депресија и почнува да пие. Набрзо тој извршува самоубиство. Првенствено, Џејми ја презира Маргарет, но кога таа ќе роди син, тој развива многу голема наклонетост кон него и се согласува да стапи во брак со Маргарет за доброто на својот син, Џејми Џуниор (1886-1893). Џејми создава компанија, наречена Кругер Брент ( името го добила по двајца чувари кои се довикувале на полето со дијаманти) и целото свое внимание го насочува кон работата. Во еден момент, откако Кругер Брент ќе ги преземат рудниците за дијаманти, млад американец, Дејвид Блеквел, се обидел да ги ограби рудниците на целосно ист начин како што тоа го сториле Џејми и Банда, но е фатен од чуварите. Џејми, сожалувајќи се над Блеквел му дава работа во компанијата. На Џејми му се допаѓа неговата решителност и тој станува извршен директор во Кругер Брент. Во меѓувреме, Банда повторно се соединува со Џејми и го информира дека го користи неговиот дел од дијамантите за дискретна борба против владата за правата на банту народот. Со текот на годините, Џејми конечно се откажува од крвната одмазда, но никогаш вистински не се заљубува во Маргарет. Наместо тоа, тој се заљубува во млада проститутка, која исто така се вика Маргарет. Една вечер тој се враќа дома пијан и ја помешува жена си со неговата омилена проститутка и тие водат љубов. Во 1892 година, Џејми и Маргарет добиваат ќерка Кејт. Една година подоцна, Џејми Џуниор по грешка е убиен во побуна на банту народот, предводена од Банда, што предизвикува мозочен удар кај Џејми, од кој тој подоцна умира. Маргарет го презема раководството во Кругер Брент за да ја спаси иднината на Кејт и го вработува Блеквел за да ѝ помогне.

Кејт израснува во прекрасна, манипулативна девојка со силна волја. Таа, уште како дете се вљубува во Дејвид Блеквел и, решена да се омажи за него, ја спречува неговата свршувачка, со тоа што ја купува фирмата што е во сопственост на таткото на неговата свршеница. Кејт и Дејвид се преселуваат во Њујорк, каде што Дејвид се придружува на војската за време на Светската војна и е отсутен од дома четири години. Потоа се враќа дома здрав и Кејт останува бремена, но кога таа ќе биде во седми месец Дејвид ќе загине во несреќа на рудникот. Тоа кај неа предизвикува предвремен пораѓај и раѓа син, Ентони "Тони" Џејмс Блеквел (1924 година). Исто како и нејзиниот татко, Кејт целосно и се посветува на Кругер Брент, правејќи ја глобална фирма. Таа, нормално очекува Тони да ја преземе одговорноста врз Кругер Брент, но Тони сака да стане уметник. Додека тој очигледно има потенцијал да стане светски познат уметник, Кејт тајно му ја уништува кариерата, поткупувајќи истакнат француски критичар. Тој негативно ја коментира работата на Тони, бидејќи Кејт верува дека тој залудно си го троши животот со уметноста и дека има „илјадници уметници во светот“. Кејт подоцна го наговара да се ожени со Мариен Хофман, чиј татко поседува научен патент, што таа ќе го наследи. Бракот е среќен, но докторот ѝ соопштува на Мариен дека не може да забремени, бидејќи постои ризик од удар. Кога таа и го кажува ова на Кејт, Кејт и вели дека докторите можат да згрешат и дека таа секако може да забремени. Во 1950 година, Мариен останува бремена, но кога ја носат во болница да се породи, нејзиниот крвен притисок се покачува без контрола и таа доживува удар. Изведен е итен царски рез и родени се две сестри близначки, но Мариен умира пред да ја роди втората ќерка. Нејзиниот доктор му кажува на Тони дека ја предупредил Мариен за опасноста од бременоста и дека Кејт и рекла да го игнорира неговото мислење. Овој инцидент, заедно со случајното откритие дека Кејт ја манипулирала и на крај и уништила неговата кариера како уметник, го полудува Тони и тој се обидува да ја убие мајка си. Таа го преживува нападот, но Тони е затворен во институција. Кејт е со скршено срце, бидејќи син и така се чувствува во врска со неа, но решена е да преживее.

Кејт се грижи за нејзините две идентични внуки, кои се викаат Ева и Александра. Ева, безмилосна и лукава, ја гледа Александра како натрапник и постојано, уште како деца, се обидува да ја убие, користејќи го нивниот идентичен изглед. Александра е несмасна и склона кон неволји и Кејт јасно покажува благонаклоност кон Ева и ја гледа како иден предводник на Кругер Брент. Но, кога Ева ќе се обиде да ја вовлече Александра во секс скандал, Кејт сфаќа каква всушност е Ева, ја лишува од наследството, давајќи и само мал надоместок и почнува да и обрнува внимание на Александра. Таа исто така не и ја открива вистината за Ева на Александра, само и вели дека "Ева го одбра својот живот". Ева прави план да се одмазди и на сестра си и на баба си. Таа се запознава со Џорџ Мелис, црна овца во богата грчка фамилија и го наведува да и помогне. Мелис е згоден и културен, но исто така и насилен садист и хомосексуалец. Ева, знаејќи го тоа, го уценува додека му го открива планот-да ја натера Александра да се заљуби во него и да се омажи, по што тој ќе ја убие и тоа ќе предизвика Кејт да умре од тага. Уценуван од Ева, Мелис ја бара Александра за жена, тврдејќи дека е идеалниот маж кој ги сака сите работи што ги сака таа. Александра навистина лудо се вљубува во него и тие се венчаат. Ева продолжува да го омаловажува Мелис и една ноќ тој го губи разумот и брутално ја напаѓа. Таа сепак успева да се опорави, благодарение на талентираниот пластичен хирург Кит Вебстер и го користи нападот да се врати на добрата милост на баба и. Кејт попушта, ја прима Ева назад и повторно ја вметнува во тестаментот, правејќи го Мелис одвишен. Ева ја менува тактиката, црта лузна и почнува да посетува психијатар, д-р Петер Темплетон, преправајќи се дека е Александра, депресивна и со намера за самоубиство. Планот е Мелис да ја одведе Александра на јахта, каде што ќе ја фрли во вода и сè ќе изгледа како таа сама да се убила. Кога Мелис се качува на бродот со таа што тој верува дека е Александра, всушност реално е Ева која го прободува до смрт. Во текот на истрагата, пластичниот хирург на Ева, д-р Кит Вебстер, наслушнува за лузната на главата на Ева. Вљубен во неа, тој оди и ја потсетува дека не и оставил ниту една лузна и дека знае дека таа го убила Мелис. Кога таа се обидува да одрече, тој и дава предлог- доколку се венчаат, тој нема да биде принуден да сведочи против неа. Ева се мажи со него, но често го изневерува со млад глумец. Кога тој еднаш ќе се пошегува со неа за нејзините линии на лицето додека се смее, таа бара од Вебстер да ја оперира и да ги поправи. Вебстер го уништува нејзиното лице и се докажува дека е манипулатор, правејќи Ева во целост да зависи од него. Во меѓувреме, Александра се заљубува во психијатарот Петер Темплетон. Тие се венчаат и добиваат син, Роберт.

Книгата завршува со забавата по повод деведесетиот роденден на Кејт, на кој се присутни сите нејзини роднини. Роберт, сега 8 години, станува талентиран пијанист. Кејт во него гледа следен предводник на Кругер Брент, но Петер ја прекинува и ја прашува дали некогаш ќе се откаже. Александра, исто така, и кажува на Кејт дека е среќна да прави сè што Петер сака. Гледајќи во својата фамилија, вклучувајќи го и Тони, кој е пуштен од институцијата за приликата и маскираната Ева, Кејт верува дека постапила правилно со сите и дека таа е измамена, иако на сите во семејството негативно им влијаеле нејзините постапки. Потоа, таа му вели на својот пра-правнук Роберт дека ќе го запознае со Зубин Мехта. Овде читателите се оставени да го протолкуваат крајот-дали таа навистина го мисли тоа и навистина се променила или дали планира да го повтори тоа што го стори на својот син Тони?

Прифаќање

уреди

Прифаќањето на Господар на играта , од страна на публиката, беше во најголема мера позитивно, со дебатирање на книгата на 1 место на списокот на Њујорк Тајмс за најдобро продавани книги, останувајќи таму 11 недели и задржувајќи се на листата 40 недели. Книгата стана четврта најдобро продаван роман од 1982 година, како што забележува Њујорк Тајмс. Книгата, исто така, беше избрана за главен избор во литературата.

Во критичкиот осврт, прегледот на книги во Њујорк оцени дека книгата те "принудува да ја прочиташ" и го пофали авторот велејќи "Секој писател што може да ги натера читателите без здив да запрашаат 'Што е следно?' нема потреба од помош од овој или каков било друг вид завидлив преглед". Публишерс викли (Publishers weekly)книгата ја нарекоа "пријатна и апсорбирачка семејна сага", додека пак Лос Анџелес Тајмс во својот преглед на книгите изјави дека Шелдон е "генијалец... во пишувањето уметнички дека кои само заработуваат. Со 'Господар на играта', тој се има надминато и самиот себеси". Лос Анџелес Тајмс, исто така, наведува и на недостатокот на секс во книгата. "Овој читател се надевал на мал сексуален дел, за разбивање на монотонија. Сексуалноста е опишана со љубопитна, неразумна храброст". Њујорк Тамјс не се согласува со тој и изјавува дека " Доколку вашиот вкус за читање се сведува на силување, содомија, хомосексуалност и многу други диверзии со месо, бидете сигурни дека г-дин Шелдон има нешто за вас". Во Масачусетс, Ворчестер Сандеј Телеграм (Worcester Sunday Telegram) изјавува дека "насловот на оваа книга е готов опис на авторот. Во бизнисот на создавање на најдобро продавани книги кои не ти дозволуваат да ги оставиш, Сидни Шелдон е вистински господар на играта", додека пак САД денес (USA Today) го фали Шелдон велејќи дека тој е "господар за раскажување приказни на врвот на играта". Во Европа, лондонскиот преглед на книги, го категоризира главниот лик на романот, Кејт Блеквел како " еден вид идол, но е оној вид идол кој бил направен популарен во минатото од страна на Џоан Крафорд".

Лос Анџелес Тајмс го заклучува прегледот на книгата со " Оваа книга всушност е број на смешни, мали приказни кои лабаво се нанижени заедно како "schlenters" (глупави дијаманти) кои само што не паднале од низата на забен конец", упатувајќи на термини кои се користат во Јужна Африка. Лоnдонскиот преглед на книги заврши со " Оваа приказна, посебно, е толку шематски напишана што може да се искористи како сценарио за филм, кој сè уште не е снимен, но без сомнение ќе се појави на екраните".

Преработки

уреди

Преработката во телевизиска мини серија започна на 19 февруари 1984 година, во улогите Даен Канон како Кејт Блеквел, Ијан Чарлесон како Џејми МекГрегор, Дејвид Бирни како Дејвид Блеквел, Хери Хамлин како Тони Блеквил, Џони Сека како Банда и Фернандо Аленде како Џорџ Мелис, со неколку значајни, но непризнаени скапоцени камења, вклучувајќи го Алан Доби (како МекМилан) и Стратфорд Џонс (како Цимермен). Мини серијата беа продуцирана од телевизијата Си-Би-Ес (CBS Television) и меѓународната продукција Росемонт. Беше номинирана за Еми награда за „извонредно достигнување во композиција на музика за ограничен или посебен дел од серијата“, за првиот дел од серијата. Мини серијата излезе на ДВД на 4 мај 2009 година.

Наводи

уреди
  1. O Reverso da Medalha (португалски). 1982.
  2. El amo del Juego (шпански). 1990.
  3. Padrona del gioco (италијански). 1988.
  4. Maitresse De Jeu (француски). 1983.
  5. Timanttidynastia (фински). 1983.
  6. Diamanten Dynastie. 1982.
  7. Sorvat ́masku (руски). 1995.