Горна Слатинска Пештера

(Пренасочено од Горнослатинска пештера)

Горна Слатинска Пештерапештера сместена во непосредна близина на поречкото село Слатина.

Горна Слатинска
Југоисточниот отвор на пештерата
МестоСлатина, Поречко, Македонија Македонија
Должина326 м
Надм. височина620 м
Влезови2

Одлики

уреди

Таа се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на ридот Баба (751 м) на падините на планината Песјак. Влезот на пештерата е на 620 м н.в. и е со југозападна експозиција. Таа има два отвори, односно влезови или влез и излез, при што целата е поврзана и претставува своевиден тунел-канал. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост. Првични податоци за оваа пештера дава Јовановиќ во 1928 година. Тој ја именува како I Слатинска Пештера[1], додека месното население ја нарекува Горна Слатинска. Низ целата должина на пештерата има видови кои се карактеристични за надворешниот простор. Такви се некои полжави од семејството Zonitidae, мокрици (Isopoda) и различни видови диптери (комарци од семејствата Culicidae и Limoniidae). Од поважните видови кои се поврзани со пештерата се регистрирани некои стоногалки (Lithobius sp.) и два вида лилјаци (Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus sp.). Најден е само еден примерок од скакулецот (Troglophilus sp.) кој го има и во Девината Пештера.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Jovanovič P.S. (1928): Karsne pojave u Poreču. Glasnik Skopskog naučnog društva, knj. IV, Skoplje, 1-46
  2. Гичевски Б. (2008): Подземни карстни форми во Поречкиот Басен и нивна валоризација за потребите на просторното планирање. Магистерски труд

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди