Пурало
Пурало — пештера кај селото Слатина, Поречко.[1] Таа се наоѓа од левата долинска страна на реката Треска, во долината на Слатинска Река, поточно во близина на составот на Марковска Река и Крушеска Река од чии води се формира текот на Слатинска Река. Отворот на пештерата се наоѓа на н.в. од 580 метри, или околу р.в. од 30 м од левата страна на долинското дно на Марковска Река. Пошироката пристапност на овој спелеолошки објект е мошне поволна во споредба со поголемиот број на пештери во Македонија. Самата пештера се наоѓа во атарот на селото Слатина (маало Марковци). Во близина на пештерата минува регионалниот пат Скопје - Македонски Брод - Кичево. Потесната пристапност на пештерата Пурало не е многу поволна. Од асфалтираниот пат во должина од околу 500 м постои пешачка патека, а од тука до отворот на пештерата има карпест отсек кој со помал напор може да се совлада. Околниот простор е целосно пошумен со жбунеста вегетација чиј главен претставник е зелениката која пак од своја страна негативно влијае врз забележливоста на отворот од пештерата Пурало. Пештерата Пурало се вбројува во редот на правите пештери, во групата на речни пештери. Според разгранетоста на пештерските канали, пак, припаѓа на типот сложени пештери бидејќи се одликува со сложена разгранетост на каналите кои се распоредени на две нивоа.
Пурало | |
---|---|
Отворот на пештерата Пурало, затворен со железна врата | |
Место | Слатина, Поречко |
Должина | 1 км |
Надм. височина | 580 м |
Галерија
уреди-
Таваницата и почетниот дел на пештерскиот канал
-
Таваницата и почетниот дел на пештерскиот канал
-
Таваницата и почетниот дел на пештерскиот канал
-
Таваницата на пештерата
-
Почетниот дел на пештерата
-
Отворот на пештерата
-
Отворот на пештерата
Наводи
уреди- ↑ Василески, Д. - Петреска, Б. (2002): “Пештера Пурало”, Годишен зборник на Институтот за географија, кн. 37, Скопје;
Надворешни врски
уреди- Пештера ПУРАЛО Архивирано на 22 јуни 2013 г.
Оваа статија пештера во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |