Овчарска Пештера претставува пештера сместена во непосредна близина на поречкото село Слатина. Таа се наоѓа во непосредна близина на пештерите Горна Слатинска и Слатинска II. Влезот на пештерата е на надморска височина од 580 м и експониран кон северозапад. Пештерата е изградена во доломитски мермери со прекамбриумска старост.

Овчарска Пештера
МестоСлатина, Поречко, Македонија Македонија
Надм. височина580 м

Надворешните температурни влијанија се особено изразени во влезниот дел на пештерата како резултат на димензиите на влезот. Кај пониското ниво има константна температура од 12 °C што значи дека ова ниво не е под влијание на надворешните температури. Во поглед на рецентната фауната, таа е многу слична кај трите Слатински пештери. Троглофилите се претставени со Lithobius sp., а троглоксените со Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus sp. Оваа пештера е интересна и по пронајдениот материјал од керамика и коски, на двете нивоа (т. 9 на повисоко ниво и каналот 17C - 20C на пониско ниво).[1]

Наводи

уреди
  1. Закопаната секира крие приказна од каменото време. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-09-16.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди