Горен Чернец

село во Дебарско, Албанија

Горен Чернец или Горно Черенци (албански: Çerenic i Sipërm) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.

Горен Чернец
Çerenic i Sipërm
село
Горен Чернец is located in Албанија
Горен Чернец
Горен Чернец
Координати: 41°30′32″N 20°26′14″E / 41.50889° СГШ; 20.43722° ИГД / 41.50889; 20.43722
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаБулчица
Општ. един.Горица
Надм. вис.&10000000000000620000000620 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.BZ

Географија

уреди

Селото се наоѓа во областа Мала Река, за дел од поголемата македонска област Голо Брдо. Сместено е во нспоредна близина на границата со Македонија.

Историја

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Черепецъ е дел од Грика Вогел (Мала Река) и во него живеат 230 Арнаути муслимани.[1]

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Чернец е албанско село со 30 куќи, дел од областа Голо Брдо.[2]

Според податоците, Черенец долго било едно село со две маала, а нивната формална поделба се случила во поново време. До 2015 г. било дел од тогашната Општина Горица.

Иселеништво

уреди

Семејството Кочи од Чернец се преселило во горнодебарското село Селокуќи во Македонија во 1941 г.[3] Не е укажано дали биле од Горен или Долен Чернец.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
  2. Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 40.
  3. Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 159–161.