Голиот човек
„Гол човек“ (српскохрватски: Goli čovik) — филм од 1968 година, режиран од Обрад Глушчевиќ по сценариото на Ранко Маринковиќ (според идејата на Глушчевиќ). Главните улоги ги играат: Вера Чукиќ, Антун Налис, Љубиша Самарџиќ, Раде Марковиќ, Милан Срдоч, Карло Булиќ и Јосип Мароти.[1]. [2]
„Голиот човек“ | |
---|---|
Режисер | Обрад Глушчевиќ |
Продуцент | Јадран филм |
Сценарист | Ранко Маринковиќ (според идеја на Обрад Глушчевиќ) |
Главни улоги | Вера Чукиќ Антун Налис Љубиша Самарџиќ Карло Булиќ Раде Марковиќ Павле Минчиќ Јосип Мароти Драгутин Добричанин Милан Срдоч |
Жанр | комедија |
Музика | Никица Калоѓера |
Кинематографија | Ненад Јовчиќ |
Монтажа | Катарина Стојановиќ |
Премиера | 1968 |
Времетраење | 100 мин |
Земја | Хрватска |
Јазик | Хрватски |
Синопсис
уредиЕдна убава жена (ја игра Чукиќ) работи како домашна помошничка на месниот благородник во Далмација. Една ноќ, стариот благородник слуша необични звуци и пука со огнено оружје. Жителите на местото подоцна раскажуваат дека од куќата излегол гол човек. По некое време, стариот умира, жената раѓа машко дете. Така минуваат годините, а наспроти тешката економска состојба и војната, жената станува сè поубава. Нејзиниот син расте, а жителите на местото се прашуваат кој е голеиот човек...
Наводи
уреди- ↑ Goli čovik, hrvatski film (1968.) (пристапено на 17.6.2022)
- ↑ „Hrvatski filmski arhiv: Popis hrvatskih dugometražnih filmova 1944. - 2006“. Архивирано од изворникот на 2011-01-05. Посетено на 2014-05-11.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |