Санстефански договор

(Пренасочено од Санстефански Договор)

Санстефански мировен договор — договор помеѓу Руското Царство и Отоманското Царство склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 во Сан Стефано (Јешилќој), село западно од Истанбул, од страна на Никојал Игнатјев и Александар Нелидов од страна на Руското Царство и министерот за надворешни работи Сафет-паша и амбасадорот во Германија Садулах-беј од страна на Отоманското Царство. Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори, за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време.[1]

Договор од Сан Стефано
{{{image_alt}}}
Потпишување на договорот
Потпишан3 март 1878
МестоСан Стефано, Османлиско Царство
Потписници Османлиско Царство
Русија Руска Империја
Договорто бил потпишан во куќата на Јешилќој.

Австроунгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.

Британскиот историчар A.J.P. Тејлор вели: „Ако договорот од Сан Стефано останел на сила, и Отоманското Царство и Австроунгарија би преживеале до денес. На крајот од 1878 Роберт Сесил пишува: Треба повторно да формираме рахитична форма на турското владеење на југот од Балканот. Но, тоа е само одмор. Нема виталност останато во него.“[2]

Денот на потпишувањето на овој договор во денешна Република Бугарија се слави како национален ден на ослободување.

Заднина

уреди
 
Карти на Македонија од Санстефано и Берлин (1878)

По крајот на Руско-турската војна во Едрене било потпишано примирје. Уште во почетокот на Руско-турската војна ситуацијата во Европа била загрижувачка. И покрај противењето на опозицијата на чело со Вилијам Гладстон во мај 1877 година, Владата на Велика Британија донела одлука да се вклучи во војната на страната на Отоманското Царство во случај Русија да го нападне Истанбул и да навлезе на територијата на Египет или да ги окупира Дарданелите или Персискиот Залив. Руската влада брзо ја уверила на Англија дека Египет и Персискиот Залив не се во нејзините планови.

Бидејќи стравувала од сојуз на Русија со Германија и Австроунгарија, британската влада сакала да ја привлече Австроунгарија на своја страна. Во мај 1877 година британскиот премиер испратил таен меморандум до австроунгарската влада која одговорила дека не би се согласила на една долготрајна руска заштита над Бугарија. Отворените антируски искази во Англија и несогласувањето на Хабсбуршката монархија со руските планови довело до тоа Високата Порта да побара дипломатска помош. Виена сепак ја отфрлила османлиската молба за помош бидејќи не барала начин да ја спаси империјата, туку да се прошири кон Балканскиот Полуостров. Поради тоа Австроунгарија сакала мировниот договор по војната да биде потпишан од сите Големи сили, зад кој договор застанала и Велика Британија.

Во февруари 1878 година Германија ја зазела страната на Русија бидејќи се интересирала само за слободен превоз по Дунав и Дарданелите, а освен тоа се залагала за поробеното христијанско население на Балканот. Канцеларот Ото фон Бизмарк понудил да посредува во руско-британските несогласувања. На крајот на истиот месец министерот за надворешни работи на Австроунгарија остро се спротивставил против проширувањето на Бугарија на југ од Стара Планина. Во меѓувреме Русија започнала да има тешкотии и со балканските сојузници. Романија изразила незадоволство од преминувањето на Јужна Бесарабија во составот на Руската Империја иако таа ја добила Северна Добруџа како компензација. Подоцна сите овие околности, вклучувајќи го и фактот што руската армија не ги ослободила Македонија и Родопите, ја попречиле реализацијата на Санстефанскиот договор и поради тоа истиот бил ревидиран преку Берлинскиот конгрес.

Потпишување

уреди
Потписниците на Санстефанскиот договор.

Мировните преговори започнале на 13 февруари откако во Едрене пристигнал првиот член на турската делегација, министерот за надворешни работи Сафет-паша. Две недели подоцна пристигнал и вториот - Сабдулах-бег, амбасадор во Берлин. Во тоа време започнал и упадот на Британската морнарица во Мраморното Море. Уште во почетокот на преговорите Сафет-паша најавил дека империјата ќе ги оствари реформите изработени од Цариградската конференција, но тој ги отфрлил условите за мир бидејќи потпишување на договорот требало да има само ако биде започнат конгрес на сите Големи сили. Сафет сакал да ги одлага преговорите, но да не ги прекинува, бидејќи се плашел од нова руска офанзива кон главниот град, и сè уште се надевал на британска и австроунгарска поддршка. Преговорите започнале да одат во ќор-сокак па руската влада решила да преземе цврсти мерки. На 24 февруари испратила одред од 10.000 луѓе крај Цариград, а главните руски преговарачи се преместиле од Едрене во Сан Стефано, но оваа тактика на заплашување не дала резултат и османлиските преговарачи продолжиле да добиваат во време до посакуваната помош од конгрес со Големите сили.

Делегацијата на Отоманското Царство се противила на границите на Бугарија и Србија, кои заземале значителни делови од териториите на империјата. Руските претставници не сакале да отстапат од своите позиции. На 25 февруари во Сан Стефано пристигнал големиот везир Ахмед Вефик, но повторно не бил постигнат успех па на 28 февруари истите биле прекинати. Истиот ден грофот Игнатјев го известил главниот командант на војските кнез Николај Николаевич дека примирјето мора исто така да биде прекинато, но Николаевич бил загрижен дека ваквите дејства би довеле до војна со Велика Британија. На 1 март руските претставници ѝ поставиле ултиматум на османлиската делегација да го потпише договорот или воените дејствија ќе бидат обновени, а во исто време руската армија започнала подготовки за да тргне кон османлиската престолнина. Така Високата Порта започнала повторно да преговара. Договорот бил потпишан на 3 март 1878 година, а одлуките од договорот стапиле на сила на 18 март.

Последици од договорот

уреди

Бугарија

уреди
 
Граници на Бугарија според Санстефанскиот договор

Со договорот се воспоставува автономна област во рамките на Отоманското Царство со широки овластувања, христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќа просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на Морава, Северна Тракија, делови на Источна Тракија и речиси цела Македонија (Член 6 од договорот).

Принц избран од народот, потврден од страна на Отоманското Царство и Големите сили ќе управува со територијата. Совет на видни луѓе ќе дадат предлог на Устав (Член 7). Воените трупи на Отоманското Царство ќе се повлечат од оваа територија, додека руската воена окупација ќе продолжи во следните две години (Член 8).

Црна Гора Согласно договорот, речиси двојно ја зголемува својата територија за сметка на Отоманското Царство, при што ѝ се преклучени Никшиќ, Подгориц и Антивари. Отоманското Царство ја признава нејзината независност.

Србија

уреди

Србија ги припојува моравските градови Ниш и Лесковац и станува независна држава (Член 3).

Македонија

уреди

Поголемиот дел од Македонија влегува во состав на Санстефанска Бугарија.

Романија

уреди

Отоманското Царство ја признава независноста на Романија (Член 5).

Русија

уреди

Во замена за воена репарација, Отоманското Царство ѝ ги отстапува на Русија кавкаските територии, вклучувајќи ги Батуми и Карс, како и Северна Добруџа, која Русија ѝ ја отстапува на Романија во замена за Југозападна Бесарабија (Член 19).

Отоманско Царство

уреди

Отоманското Царство ветува реформи за Босна и Херцеговина (Член 14), Крит, Епир и Тесалија (Член 15).

Морските теснеци Босфор и Дарданели — се декларираат за отворени за сите неутрални бродови во војна и мир (Член 24).

Реакции

уреди

Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор Отоманското Царство ги прифатило барањата на Русија, но се надевало дека барем делумно ќе влијае на новата бугарска држава. Велика Британија и Австроунгарија се спротивставиле на договорот изјавувајќи дека Русија т.н. Источно прашање го заклучила единствено во нејзина корист без да расправа за тоа со западните сили. Заедно со Велика Британија, Италија и Франција исто така се изјасниле против излегувањето на Бугарија на Белото Море, под изговор дека ќе биде користено од Русија за свое идно влијание на Средоземјето. Велика Британија започнала да се подготвува за војна. Австроунгарија била незадоволна бидејќи кон новата бугарска држава била вклучена Македонија. Германија индиректно ја поддржала Русија. Оваа криза довела Русија да започне да размислува за идните можни конфликти против Велика Британија и Австроунгарија. Руската армија била изморена од војната и неспособна.

На крајот на март 1878 година од Русија во Австроунгарија бил испратен грофот Игнатјев кој требало да постигне разбирање за спорните прашања. Започнале преговори околу средна и западна Македонија кои влегувале во Бугарија, а Австроунгарија овие територии ги посакувала за свои цели и излез на Егејско Море, а како компензација Србија би се проширила кон источните делови. Така преговорите немале успех, а од Берлин пристигнала телеграма во која Германија се понудила како посредник меѓу британската и руската страна, со цел да се избегне голема војна. На 27 април 1878 година руската влада донела одлука за исполнување на барањата на Австроунгарија во врска со Бугарија, со цел да избегне конфликт. Според договорот со британската страна, Бугарија била поделена на два дела. Јужниот дел го добил името Источна Румелија. Србија и Грција исто така не биле задоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на Берлинскиот конгрес во 1878 година. Романија, која дала голем придонес на страната на победниците во војната, била крајно разочарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-романскиот договор пред започнувањето на војната, со кој се гарантирал интегритетот на романската територија.

Литература

уреди
  1. Thomas Erskine Holland, Studies in International Law, 2008, p.227
  2. Taylor, A. J. P. (1954). The Struggle for Mastery in Europe 1914-1918. Oxford University Press. стр. 253.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди