Годеч
Годеч (бугарски: Годѐч) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Годеч во Софиската Област. Има население од околу 4.193 жители (2022).[1]
Годеч Годеч | ||
---|---|---|
град | ||
Централниот площад во Годеч | ||
Местоположба на Годеч во Бугарија | ||
Координати: 43°0′52.36″N 23°2′46.93″E / 43.0145444° СГШ; 23.0463694° ИГД | ||
Земја | Бугарија | |
Област | Софија | |
Општина | Годеч | |
Управа | ||
• Градоначалник | Радослав Асенов (ГЕРБ) | |
Површина | ||
• Вкупна | 56,305 км2 (21,739 ми2) | |
Надм. вис. | 692 м | |
Население (2022) | ||
• Вкупно | 4,193 | |
• Густина | 74/км2 (190/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
поштенски код | 2240 | |
Повик. бр. | +359 07292 | |
Мреж. место | godech.bg |
Географија
уредиГрадот се наоѓа во планинска област на 21 км од Драгоман, 55 км од Берковица и 50 км од главниот град Софија. На север се издига Берковскиот дел на Стара Планина со врвот Ком (2016 m), на југ се наоѓа планината Чеп’н со највисок врв Петровски крст (1206 m), а на исток се крајните делови на Мала Планина.
Историја
уредиВо градот има остатоци од мал римски храм од II-IV век (најверојатно ѝ припаѓал на божицата на ловот Дијана), кој е прогласен за национален споменик на културата.
Во османлискиот период Годечкиот крај бил дел од Шехирќојската Каза (Пирот) и нахијата Висока. Во џелепкешанскиот регистар на Пиротскиот Кадилак од 1581 година, како џелепи се забележани месните жители Дмитар Јован, поп Петар 30 и Стојан Радослав, кои имаат обврска да ѝ предадат на државата вкупно 85 овци.[2]
По ослободувањето на Бугарија, Годеч бил вклучен во Царибродската Околија. Во 1905 година, селото Годеч, кое било центар на општина, имало 488 жители, распоредени во 9 маала: Глотнаца, Елечанова, Јовкина, Молак, Негулова, Равна, Старо Село, Стојкина и Трап. По Нејскиот мировен договор од 1919 година, Западните Покраини му биле предадени на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а центарот на околијата бил преместен од Цариброд во Годеч. Повеќето жители на околните маала се преселиле во самиот град во 1960-тите. Главна егзистенција била сточарството.
Годеч официјално бил прогласен за град на 18 јуни 1956 година.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Катић, Татјана, Амедоски Драгана. Попис џелепа Пиротског кадилука из 1581. године, Мешовита грађа. MISCELLANEA, vol. XXXIII, НОВА СЕРИЈА Kњ. XXXIII, Београд 2012, с. 152. (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-10, Посетено на 2017-03-18
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |