Западни покраини

(Пренасочено од Западни Покраини)

Западни Покраини (на бугарски: Западни покрайнини) е политичко-географски и историски термин, кој се појавува во Бугарија по Првата светска војна за обележување на териториите, кои по стапувањето во сила на Нејскиот мировен договор се присоединети кон Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Кралство Југославија по 1929).

Знаме на Бугарите во Србија
Карта на Западните Покраини и Струмичко

Поголемиот дел од тие територии (1545 км2) денес се наоѓаат во составот на Република Србија, познати под името „Западне Покрајине“, а помалиот дел (1028 км2, односно Струмичко) денес се наоѓа во Република Македонија.[1]

Извори

уреди
  1. Treaty of Peace Between the Allied and Associated Powers and Bulgaria, and Protocol and Declaration signed at Neuilly-sur-Seine, 27 November 1919

Поврзано

уреди