Говрлевски манастир

манастир во селото Говрлево

Говрлевски манастир — македонски православен манастирски комплекс кој се наоѓа во скопското село Говрлево.[1]

Говрлевски манастир
Поглед на главната манастирска црква „Св. Трифун“
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Трифун“ - Говрлево
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Трифун
ЕпархијаСкопска
ЦрквиГлавна црква „Св. Трифун“
Црква „Св. Троица“
Црква „Св. Петар и Павле“
Црква „Св. Марина“
Црква „Св. Ерина“
Црква „Св. Недела“
Црква „Св. Петка“
Личности
Место
Местосело Говрлево, Општина Сопиште Македонија Македонија
Координати41°55′31″N 21°21′58″E / 41.92528° СГШ; 21.36611° ИГД / 41.92528; 21.36611
Видливи остатоци7 цркви, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада

Манастирот се наоѓа источно од селото, сместен на ридот Брзовец. Местоположбата на манастирот е специфична, бидејќи во негова непосредна близина се наоѓа копот за вар во посед на Цементарница „Усје“, поради кој се појавил и случајот „Говрлево“. Во 2006 година, МПЦ решила да го продаде целиот манастир со сите шест цркви на скопското претпријатие „Усје“ со земјиште од околу 17.000 м2, но поради бурни реакции во јавноста продажбата била повлечена. Имено МПЦ требала да добие преку 200.000 евра со кои би се финансирале изградби на други манастири, а додека скопското претпријатие било задолжено да го премести манастирот.

Цркви

уреди

Црква „Св. Трифун“

уреди

Црквата „Св. Трифун“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по кого е и наречен целиот манастир. Денешната црква се верува дека потекнува XVII век. Некои од иконите во нејзината внатрешност се дело на познатиот мајстор Димитар Папрадишки.

Црква „Св. Троица“

уреди

Една од неколкуте манастирски мали цркви, сместена во близина на стариот конак.

Црква „Св. Петар и Павле“

уреди

Една од неколкуте манастирски мали цркви, сместена на самиот раб од ридот Брзовец.

Црква „Св. Марина“

уреди

Најмала од сите манастирски цркви во комплексот, сместена на средина од манастирскиот двор.

Црква „Св. Ерина“

уреди

Една од неколкуте манастирски мали цркви.

Црква „Св. Недела“

уреди

Една од неколкуте манастирски мали цркви.

Црква „Св. Петка

уреди

Една од неколкуте манастирски мали цркви, сместена во близина на стариот конак.

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди