Главна група на елементи

Главна група на елементихемиски елементи (наречени и претставителни елементи) елементи од групите 1 и 2 (s-блок) и групите 13 до 18 (p-блок) на периодниот систем. Елементите од s-блокот се одликуваат со една главна оксидациска состојба, а кај оние од p-блокот, кога имаат повеќе состојби, честопати состојбите се поделени во две единици. Најлесни елементи од главната група се хелиумот, литиумот, берилиумот, борот, јаглеродот, азотот, кислородот и флуорот, поредно распоредени во периодниот систем.

Групите 1, 2 и 13 до 18 ја сочинуваат главната група. Понекогаш се вбројуваат и групите 3 и 12, како и лантаноидите и актиноидите (двата зелени реда).

Елементите од главната група (со некои од полесните преодни метали) се најзастапените елементи Земјата, во Сончевиот Систем и воопшто во вселената. Елементите од групата 12 обично се сметаат за преодни метали; меѓутоа, цинкот (Zn), кадмиумот (Cd) и живата (Hg) делат извесни својства со двете групи, па затоа некои научници сметаат дека не треба да стојат во главната група.[1][2]

Во некои прилики во главната група се вбројуваат дури и |елементите од групата 3 како и лантаноидите и актиноидите бидејќи се електропозитивни со само една главна оксидациска состојба како оние од групите 1 и 2. Положбата на актиноидите е подискутабилна, но најзастапените и најзастапените од нив, ториумот (Th) и ураниумот (U), се слични на оние од главната група бидејќи ториумот е електропозитивен елемент со само една главна оксидациска состојба (+4), а ураниумот има две, поделени на две оксидациски единици (+4 and +6).[3]

Во постарата номенклатура, главната група ја сочинуваат групите IA и IIA, како и групите IIIB од 0 (IIIA до VIIIA според CAS). Групата 12 е наречена група IIB во обата система. Групата 3 е наречена група IIIA во постарата номенклатура (IIIB според CAS).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Nomenclature of Inorganic Chemistry“. International Union of Pure and Applied Chemistry. Посетено на 27 септември 2011.
  2. Jensen, William B. (2003). „The Place of Zinc, Cadmium, and Mercury in the Periodic Table“ (PDF). Journal of Chemical Education. 80 (8): 952. Bibcode:2003JChEd..80..952J. doi:10.1021/ed080p952.
  3. King, R. Bruce (1995). Inorganic Chemistry of Main Group Elements. Wiley-VCH. ISBN 0-471-18602-3.

Литература

уреди
  • Ralf Steudel, "Chemie der Nichtmetalle" (Chemistry of the nonmetals), 2nd Edition. Walter deGruyter, Berlin 1998. ISBN 3-11-012322-3