Главна група на елементи
Главна група на елементи — хемиски елементи (наречени и претставителни елементи) елементи од групите 1 и 2 (s-блок) и групите 13 до 18 (p-блок) на периодниот систем. Елементите од s-блокот се одликуваат со една главна оксидациска состојба, а кај оние од p-блокот, кога имаат повеќе состојби, честопати состојбите се поделени во две единици. Најлесни елементи од главната група се хелиумот, литиумот, берилиумот, борот, јаглеродот, азотот, кислородот и флуорот, поредно распоредени во периодниот систем.
Елементите од главната група (со некои од полесните преодни метали) се најзастапените елементи Земјата, во Сончевиот Систем и воопшто во вселената. Елементите од групата 12 обично се сметаат за преодни метали; меѓутоа, цинкот (Zn), кадмиумот (Cd) и живата (Hg) делат извесни својства со двете групи, па затоа некои научници сметаат дека не треба да стојат во главната група.[1][2]
Во некои прилики во главната група се вбројуваат дури и |елементите од групата 3 како и лантаноидите и актиноидите бидејќи се електропозитивни со само една главна оксидациска состојба како оние од групите 1 и 2. Положбата на актиноидите е подискутабилна, но најзастапените и најзастапените од нив, ториумот (Th) и ураниумот (U), се слични на оние од главната група бидејќи ториумот е електропозитивен елемент со само една главна оксидациска состојба (+4), а ураниумот има две, поделени на две оксидациски единици (+4 and +6).[3]
Во постарата номенклатура, главната група ја сочинуваат групите IA и IIA, како и групите IIIB од 0 (IIIA до VIIIA според CAS). Групата 12 е наречена група IIB во обата система. Групата 3 е наречена група IIIA во постарата номенклатура (IIIB според CAS).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Nomenclature of Inorganic Chemistry“. International Union of Pure and Applied Chemistry. Посетено на 27 септември 2011.
- ↑ Jensen, William B. (2003). „The Place of Zinc, Cadmium, and Mercury in the Periodic Table“ (PDF). Journal of Chemical Education. 80 (8): 952. Bibcode:2003JChEd..80..952J. doi:10.1021/ed080p952.
- ↑ King, R. Bruce (1995). Inorganic Chemistry of Main Group Elements. Wiley-VCH. ISBN 0-471-18602-3.
Литература
уреди- Ralf Steudel, "Chemie der Nichtmetalle" (Chemistry of the nonmetals), 2nd Edition. Walter deGruyter, Berlin 1998. ISBN 3-11-012322-3