Гергис (Тројада)
Гергис (старогрчки: Γέργις), познат и како Гергит (старогрчки: Γέργιθος, Гергитос; латински: Gergitus) или Гергита (Γέργιθα) или Гергитес (Γέργιθες), а подоцна и Керге,[1] ― поранешен град во античка Тројада, на север од реката Скамандер. Било населено, според Херодот, со потомци на митските Тевкријанци.[2] Херодот исто така запишува дека го поминала персиската војска на Ксеркс I на пат кон Абидос во 480 г. п.н.е.[3] Во времето на Ксенофонт, Гергис се нарекува силно место;[4] имал акропола и силни ѕидини и бил еден од главните градови на дарданската принцеза Манија.[5][6][7][8][9][10] Кралот Атал од Пергам ги преселил жителите на Гергис на место во близина на изворите на Кајкус, од каде потоа наоѓаме место наречено Гергета или Гергитион, во близина на Фриконска Лариса, на територијата на Киме.[11] Некои верувале дека стариот град Гергис бил родното место на Сибила, од каде што на монетите пронајдени таму е втиснат ликот на пророчицата.
Кефалион (Κεφαλίων) или Кефалон (Κεφάλων) од Гергис бил ретор и историчар за време на владеењето на Адријан. Тој го напуштил својот град поради непријателство со неговите владетели и отишол во Сицилија. Напишал многу дела на јонско грчки јазик.[12]
Наоѓалиштето се наоѓа во близина на Каринкали, азиска Турција.[1][13]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ричард Талберт, уред. (2000). Барингтонски атлас на грчкиот и римскиот свет. Princeton University Press. стр. 56, и придружни белешки од директориумот.
- ↑ Херодот. Историја. 5.122.
- ↑ Херодот. Историја. 7.43.
- ↑ Ксенофонт. Грчка историја. 3.1.15.
- ↑ Плутарх, Phoc. 18; Тит Ливиј. Ab urbe condita [Од основањето на Градот]. 38.39.
- ↑ Страбон. Географија. xiii. p.589. Броеви на страници кои се однесуваат на изданието од Исак Казобон.
- ↑ Плиниј Постариот. Naturalis Historia. 5.32.
- ↑ Стефан Византионски. Етика. s.v. Γέργις.
- ↑ Атенеј Накратиски. Deipnosophistae. 6.256.
- ↑ Страбон. Географија. xii. p. 524. Броеви на страници кои се однесуваат на изданието од Исак Казобон.
- ↑ Страбон. Географија. p. 616. Броеви на страници кои се однесуваат на изданието од Исак Казобон.
- ↑ Suda, kappa, 1449
- ↑ Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)
Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Gergis“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray. 39°53′55″N 26°36′33″E / 39.898491° СГШ; 26.609255° ИГД