Герасим II Цариградски

Герасим II (? - 1689) — грчки духовник и вселенски патријарх од 1673 до 1674 г.

Герасим II Цариградски
Вселенски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
ПретходникДионисиј IV
НаследникПартениј IV
Редови
Чинпатријарх
Лични податоци
Роден?
Хиос, Грција
Починал6 февруари 1689
Наксос, Грција
НационалностГрк

Станал свештеник уште во младоста, а потоа и митрополит на великотрновската и браилската епархија во Бугарија и Романија, кои тогаш биле под Цариградската патријаршија. На 11 август 1673 г. е избран за вселенски патријарх по иницијатива на сопругата на Големиот драгоман (преведувач) на Високата порта, Панајот Никузиј.

Во декември 1674 г. е симнат и назначен за хиосски митрополит. Во 1677 г. се обидел да се врати на престолот, но не успеал. Службувал андроски митрополит, но во 1678 г. функцијата му е одземена. Станал пароско-наксосски митрополит, каде се задржал до 1683 г., кога бил симнат по налог на патријархот Дионисиј IV.

По ова, побарал заштита од Венецијанците, кои во тоа време владееле со Егејот. Владиката Јосиф, кој го наслеил како пароско-наксоски митрополит, му го дал манастирот „Света Недела“ на островот Наксос, каде Герасим починал на 6 февруари 1689 г.[1]

Наводи

уреди
  1. Герасим II Архивирано на 16 јуни 2010 г. — Цариградска патријаршија (грчки)


Претходник
Дионисиј IV
Цариградски патријарх
1673-1674
Наследник
Партениј IV