Георги Ковачев (Либјахово)
Георги Ковачев ( Либјахово, Пиринска Македонија, Бугарија — 1923 во Бугарија) — македонски револуционер.[1]
Животопис
уредиПосле извршениот деветојунски вооружен ноќен преврат изведен под директиви на Царот Борис III,[2] од страна на организацијата на офицерите "Воениот сојуз" со учество и на ВМРО Автономистичка предводена од Тодор Александров и Александар Протогеров,[3][4] четниците на Тодор Александров од полицијата имале дозвола кого сакаат да вадат од затвор, а при тоа ги ликвидирале на непознати места. Во издавањето на овие наредби главно учество земал зетот на Тодор Александров - Михаил Монев (кого Македонците го нарекувале „Црниот Монев“), тутунскиот трговец од Неврокоп Стојан Филипов, како и Анго Попов (наречен делибаша) кој бил назначен за пункотв началник на ВМРО (Автономистичка) за Пловдив.[5]
Летото 1923 година, царските автономисти[б 1] Анго Попов и Лико Манов го извадиле од Пловдивскиот затвор Георги Ковачев. Тие му го предале на „војводата“ Келпеков, кој го однел во непознат правец и го убил бидејќи не ги признавал царските агенти Тодор Александров и Александар Протогеров за револуционери.[1]
Белешки
уреди
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 331.
- ↑ Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 182.
- ↑ Апостолски, Акад. Михаило; Митрев, Акад. Димитар (1969). Историја на македонскиот народ. Скопје: Институт за национална историја; Нова Македонија. стр. 183.
- ↑ РИСТИЋ, Иван (2019). Годишњак Педагошког факултета у Врању, књига IX, 2/2018 - „ПЕЋИНА РАЗБОЈНИКА И УЗУРПАТОРА…“: БУГАРСКА И БУГАРИ У СРПСКОЈ ЈАВНОСТИ (1923–1925) (PDF). стр. 127.
- ↑ Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 335.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.