Георги Караискаки
Георги Караискаки, е роден во 1832 година во град Едрене , Турција. По народност грк. Учествувал во ослободителните борби на балканските народи против Турците како обичен четник и војвода. За време на Српско-турската војна 1876 година бил доброволец во четата на бугарскиот војвода Панајот Хитов, која се борела на страна на Србија. Во Руско-турската војна (1877-1878) учествувал во редовите на бугарското ополчение. Се одличил со голема храброст во борбите кај градот Стара Загора, врвот Шипка и селото Шејново, како и во реонот на Хасково. За ова е награден со медал. Како војвода учествува и во Кресненското востание 1878-1879. Во втората фаза на востанието од декември 1878 година, била создадена Привремена воена управа на Македонија со Воен совет,во кој влегувал и Георги Караискаки. Според списоците со бројната состојба на востаниците со четите во зимата 1878/79 година, во четата на Караискаки имало 73 души. Пролетта на 1879 година заедно со четите на војводите Стефо, Павле и Каракоста, со заеден состав од околу 300 луѓе дејствувал во Битолско. Нешто подоцна раководството на востанието го упатило кон Олимп, каде што требало до се поврзе со грчки чети во Тесалија, месни и дојдени од Грција. Јуни 1879 година во Костур биле уапсени 4 лица, кои се враќале од Бугарија, а еден од нив носел писмо за Георги Караискаки, што им го покажал на турските власти широкиот фронт на борбата. Некое време дејствувал во Тесалија со грчките војводи Катарагија, Опако Никола, Георгие Загора и други. По востанието живее во Бугарија, каде и умира.
Георги Караискаки | ||
Роден | 1832 година Едрене, (ден. Турција) | |
---|---|---|
Починал | 1894 година |