Георги Грчев
Георги Иванов Грчев (1885, Кратово – 30 јануари 1912, Долно Чичево) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Георги Грчев | ||
Роден | 1885 Кратово, Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 30 јануари 1912 Чичево, Османлиско Царство | (возр. 27)
Животопис
уредиГеорги Грчев е роден 1885 година во Кратово, тогаш под Османлиското Царство. Во 1911 година завршува Школа за резервни офицери и го стекнува чинот подпоручник. Се приклучува во редовите на ВМОРО после смртта на Мирчо Велешки во 1911 година. Станува велешки војвода на организацијата и ја продолжува битката против српската пропаганда и нејзините чети во Македонија. Убиен е од спахии во јануари 1912 помеѓу селата Чичево и Подлес, Велешко.[1][2]
Белешки
уреди- ↑ Аврамов, Стефан Н. „Революционни борби в Азоть (Велешко) и Поречието“, Материали за историята на македонското освободително движение, книга X, Македонски научен институтъ, София 1929, стр.184.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 39.