Географија на Шпанија
Шпанија е земја која се наоѓа на Пиринејскиот Полуостров, во Југозападна Европа.
Граници
уредиВкупната површина на земјата изнесува 504 030 км2, и според тоа се наоѓа на 51 место по големина во светот. Земјата го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелиља на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземната страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: peñones) на Велез и Алхукемас, и малиот Парсли Остров.
Шпанија зазима 83% од вкупната плоштина на Пиринејскиот Полуостров. Таа е трета најголема држава во Европа, по Украина и Франција. Нејзините морски граници изнесуваат 4 964 километри преку кој Шпанија ги поддржува врските со останатите држави. Таа излегува на два водни базени, јавувајќи се како средоземна и атлантска држава. Нејзината граница со Франција е долга 623 километри, а со Андора 64 километри, Португалија 1 214 километри, Мароко 15,9 километри преку градот Сеута.
Главниот град Мадрид е најголемиот во државата со околу 3 500 000 жители.
Население
уредиСпоред пописот, вкупното население во Шпанија е околу 46 157 822 жители. Густината на населеноста е 90/km2 жители на квадратен километар.
Клима
уредиШпанија се наоѓа во умерениот појас, чиј релјеф и клима многу се разликуваат, во зависност од местото. Често, за климата во Шпанија се вели дека е средоземна. Но, таа се јавува само на југ и исток.
Шпанија се налази у умереном појасу, њен неуједначен релјеф утиче на велику климатску разновидност. Често се за климу Шпаније каже да је средоземна (средоземна). Међутим, то је само донекле тачно јер само приобално подручје истока, југоистока и југа Шпаније има средоземну климу. Во Централна Шпанија, климата е континентална.
На исток и југ, каде преовладува средоземната клима, средните месеќни температури се движат од 13 °C до 25 °C. Летата на овие региони се топли, суви со максимални температури до 48 °C. Така, овој дел има најголем број на сончеви денови во Европа. Зимите се умерени. На северозапад, климата е постудена и температурите се движат од 8-20 °C. Во Централна Шпанија, каде климата е континентална, температурите се движат од 3-23 °C, но во зимните периоди тие можат да паднат и под О°C