Геменц
Геменц — шума единствена од својот вид што се наоѓа помеѓу Сексард и Баја, во Унгарија. Ова е единственото преостанато поплавно подрачје на Дунав во Унгарија. Шумската фауна вклучува елени, свињи, штркови, сиви чапји, северен сокол, белоопашести орли и луњи. Може да се најдат и разни водоземци и влекачи. Популацијата на елен има светска слава, бидејќи нејзиниот генетски фонд е извонреден, а роговите на еленот се впечатливи. Поради различните водни живеалишта, присутни се многу видови риби.
Ознаки | |
Прогласено: | 30 април 1997 |
---|---|
Број | 900[1] |
Во близина на водите се типични врбови и тополови шуми. Тој е живеалиште на љубопитниот панонски преливец (унгарски: Magyar színjátszólepke). Геменц е и дом на уште 13 други заштитени видови пеперутки.
Подалеку од реките се шират големи дабово-јасеново-брестови шуми. Тоа се домовите на еленчињата (инсекти), како и на еден вид пајак кој живее само во Геменц.
Геменц е природен резерват кој е дел од Националниот парк Дунав-Драва. Се протега до