Еленчиња

семејство инсекти
Еленчиња
Lucanus cervus (мажјак)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Тврдокрилци
Подред: Разнојади
Инфраред: Тркалачовиди
Натсемејство: Тркалачи
Семејство: Еленчиња
Latreille, 1804
Потсемејства

Aesalinae
Lampriminae
Lucaninae
Syndesinae

Еленчиња или еленаци[1] (научLucanidae) — семејство од 1.200 видови на тврдокрилни инсекти што се групираат во четири потсемејства[2] Неки видови достигнуваат 12 см, но највеќето растат до 5 см.

Мажјаците ги користат вилиците за борба со соперници исто како што тоа го прават елените со нивните рогови. Повод за борба се женки за парење и храна како растителни сокови и скапани овошки. Но покрај нивниот застрашувачки изглед, еленчињата не напаѓаат луѓе.

Женките се помали од мажјаците и имаат помали вилици. Додека се ларви, можат да се разпознаат по кремастите јајници што можат да се забележат во подолниот дел на грбот, под кожата.

Ларвите неколку години се хранат со гнили стебла на листопадни дрва, и минуваат низ 3 фази пред конечно да се изведат од кукла во посебна ќелија изработена од дрвени деланки и земја. Во последната фаза, ларвите на некои видови знаат да достигнат големина на човечки прст.

Во Македонија

уреди

Во Република Македонија живее само еден вид — еленчето (Lucanus cervus)[1]. Ова е најголемиот тврдокрилен инсект во земјата, и достигнува до 8 см во должина. Живее највеќе во дабови шуми, во изгниени стебла. Видот е заштитен со закон поради постепеното исчезнување[3].

 
Еленче (Lucanus cervus) на марка од Македонска пошта (ФДЦ 18/98, 20 октомври 1998)
 
Еленче во лет

Литература

уреди
  • Шапкарев, Јонче (1991). Зоологија на без‘рбетните животни. Скопје: НИО „Студенски збор“.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Еленаци“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 527. Text "series " ignored (help)
  2. Smith, A.B.T. (2006) A review of the family-group names for the superfamily Scarabaeoidea (Coleoptera) with corrections to nomenclature and a current classification. The Coleopterists Bulletin 60:144–204.
  3. „V.6.7. Инсекти“. Оценка за влијанието на животната средина на патната делница Демир Капија-Смоквица (PDF). Градежен институт „Македонија“. 2008. стр. 141. Посетено на 15 мај 2011.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди

Галерија на видови

уреди