Ганзи (Ghanzi/ Gantsi) е округ во западна Боцвана. Административен центар на округот е селото Ганзи. Поголем дел од источниот дел од округот е дел од Централнокалахарскиот резерват. Според пописот од 2001 година, округот имал население од 33.170 жители и со тоа округот е најслабо населен во државата. Ганзи има вкупна површина од 117,910 км2.

Ганзи
Ghanzi
Gantsi
округ
Островот Кубу
Островот Кубу
Местоположба во Боцвана.
Местоположба во Боцвана.
Координати: 22°00′S 22°00′E / 22.000° ЈГШ; 22.000° ИГД / -22.000; 22.000
Држава Боцвана
Гл. градГанзи
Површина
 • Вкупна117.910 км2 (45,530 ми2)
Население (2001 попис)
 • Вкупно33.170
 • Густина0,28/км2 (0,73/ми2)
Час. појасЦентралноафриканско време (UTC+2)

Местоположба

уреди

Округот се наоѓа во западна Боцвана. На запад округот граничи со Намибија, на север со Северозападниот округ, на исток со Централниот округ, на југоисток со Квененг и на југ со Кгалагди.

Под-окрузи

уреди

Округот е составен од два под-окрузи:

Населени места

уреди

Најголемо село во округот е Ганзи, кое има население од 9,934 жители според пописот од 2001 година. Селото е пет пати поголемо од второто најголемо село Нкоџане. Во округот се наоѓаат и следните села:[1]

Бере, Чарлс Хил, Чобокване, Декар, Ист Ханахај, Гроте Лагте, Какгае, Каракобис, Куле, Макунда, Нкоџане, Њу Саде, Њи Санагас, Кабо, Цоца, Вест Ханахај

Наводи

уреди
  1. „Distribution of population by sex by villages and their associated localities: 2001 population and housing census“. Архивирано од изворникот 2007-11-24. Посетено на 2007-12-11.

Поврзано

уреди