Ристиќева палата
Ристиќевата палата е изградена во 1926 г. по проект на архитектот Драгутин Маслаќ.[1] Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија, во Скопје, Македонија. Една е од ретките згради што во земјотресот во 1963 година не била оштетена.[2]

Историја Уреди
Изградена е во 1926 година од страна на српскиот фармацевт Владислав Ристиќ. Во приземјето биле сместени деловните простории, а семејството Ристиќ живееле на погорните спратови.[3][4]
Архитектонскиот дизајн на зградата е на Драгутин Маслаќ, а Драгутин Станковиќ го изработил вајарскиот аспект на зградата.[4]
Оваа палата е една од ретките повисоки згради кои го преживеале земјотресот во Скопје од 26 јули 1963, кога речиси 70% од зградите во градот се уништени. Кога е градена оваа зграда, дизајнерите и архитектот биле свесни за сеизмичките услови, така што презеле соодветни мерки при градењето.[3]
Галерија Уреди
-
Ристиќева палата осветлена ноќе
-
Детали од скулптурите
Наводи Уреди
- ↑ „Нова Македонија“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2009-07-26.
- ↑ Вест
- ↑ 3,0 3,1 „Nova Makedonija“. novamakedonija.com. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 29 април 2011.
- ↑ 4,0 4,1 Anna Antevski. [* http://www.vest.com.mk/?ItemID=21731FBF91EFD44A94B0F1C35E2DDAC3 „Vest:Tues Ristic“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). Vest.com. Посетено на 29 април 2011.