Гаврански лук

род растенија
Гаврански лук
Gagea lutea
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Лилјановидни
Семејство: Лилјани
Потсемејство: Лилјани
Род: Gagea
Salisb.
Видови

преку 100

Гаврански лук (лат. Gagea) е име на род на тревести многугодишни луковичести растенија од фамилијата на лилјаните, распространети во умерените области на Евроазија, а исто така и во Северна Африка.

Своето научно име овој род го добил во чест на сер Томас Гејџ (англиски: Thomas Gage, 17811820) - англиски ботаничар-љубител на растенија и истражувач на флората на Ирска и Португалија.[1]

Опис

уреди

Висината на растението изнесува 3 до 35 cm. Може да поседува само една луковица, но често образува и неколку странични луковици поврзани со мајчинската луковица преку столони.

Кај некои видови постојат два вида на корења: едни кои поаѓаат од средината на стеблата и одат вертикално надолу (корења со позитивен геотропизам) и други кои поаѓаат од рабовите на стеблата и најпрво одат надолу, а потоа хоризонтално, па нагоре (корења со никаков или негативен геотропизам). Корењата од вториот тип ја замотуваат луковицата и образуваат заштитна капсула.

Базалните листови се еден или два, тие се тесни, долги и плоснати, нивната височина обично ја надминува височината на соцветието. Бројот на листови на цветoносачот (педункулата) се движи од еден до десет.

Соцветијата се штитести со мал број на цветови. Цветовите се мали, жолти и ѕвездовидни. Околуцветникот е прост, венчевиден, се состои од шест ливчиња (сегменти) распоредени во два круга. Прашници има шест. Опрашувањето се одвива со помош на инсекти кои ги привлекува нектарот што се собира меѓу основите на прашничките филаменти и ливчињата од околуцветникот.

Плодот е од тип на капсула.

Брзо по цветањето надземниот дел на растението изумира.

Гавранскиот лук се размножува интензивно со помош на луковици кои се образуваат на дното од луковиците, во пазувите на базалните и стеблестите листови, а понекогаш и на приземни пупки.

Примена

уреди

Порано неколку видови се применувале во народната медицина, но исто така и во исхраната.

Најпознати видови

уреди

Подолу следува список на најпознатите видови гаврански лукови:[2]

Наводи

уреди
  1. Smith A. W. A Gardener’s Handbook of Plant Names: Their Meanings and Origins. — Courier Dover Publications, 1997.ISBN 0-486-29715-2, ISBN 978-0-486-29715-6(англиски)
  2. GRIN. „Species in GRIN for genus Gagea. Таксономија на растенијата. Лабораторија на GRIN, Белтсвил: Министерство за земјоделство на САД, Служба за земјоделска научна работа, GRIN. Посетено на 28 мај 2010.[мртва врска] (англиски)