Генерален урбанистички план
Генерален урбанистички план се донесува за градот Скопје и за градовите кои се седишта на општини утврдени со закон.[1]
Содржина
уредиГенералниот урбанистички план содржи текстуален дел и графички приказ на планските решенија, како и бројчен дел со билансни показатели.[1]
Графички дел
уредиГрафичките прикази од ГУП-от содржат:
- граница на планскиот опфат која претставува граница на градот,
- граници на зони според намената на земјиштето и општиот режим на градење и употреба,
- примарна сообраќајна мрежа со нивелманско решение,
- примарни водови и градби од сите градски инфраструктури,
- граници на урбани подрачја за детално планирање на просторот,
- граници на споменички целини и други заштитени подрачја и
- други податоци потребни за планските решенија.
Текстуален дел
уредиТекстуалниот дел од ГУП-от содржи:
- цел и средства на планските решенија,
- општи и посебни услови за просторен развој,
- параметри за спроведување на планот,
- плански услови за детално планирање на просторот,
- стратешка процена на влијание врз животната средина,
- мерки за заштита на културното наследство,
- природата и животната средина,
- мерки за заштита од разурнувања и
- други податоци за планските решенија.
Бројчени дел
уредиБројченот дел на ГУП-от содржи:
- бројчени податоци за површините на градежното земјиште,
- наменска употреба на земјиштето во рамките на регулациона линија,
- густината и површината на планираната изградба,
- податоци за инфраструктурните водови и градби и
- други податоци за планските решенија.
Податоците за постојната состојба, можностите за просторен развој и програмските проекции за просторниот развој претставуваат документациона основа на генералниот урбанистички план, која е прилог на планот.[1]
Генералните урбанистички планови во чиј плански опфат постојат споменици, споменички целини, културни предели и други заштитени добра со статус на културно наследство, треба да содржат детални параметри за заштита на недвижното културно наследство.
Методологија за донесување на ГУП
уредиГенералниот урбанистички план, се донесува врз основа на издадени услови за планирање на просторот согласно со закон.[1]
Извори
уредиИзвори
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Закон за просторно и урбанистичко планирање“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2010-04-02.