Grand Theft Auto (серијал)

(Пренасочено од ГТА)

Grand Theft Auto (GTA) е познат серијал од американски видеоигри направени од Дејв Џонс. Овие игри се главно издавани од шкотската издавачката куќа Rockstar North и објавувани од страна на Rockstar Games.

Grand Theft Auto

Логото на серијалот Grand Theft Auto кое
се користи од Grand Theft Auto III
Жанр(ови) Акција, пародија и песочник
Изработувач(и) Rockstar Games
Rockstar North (поранешен DMA Design)
Rockstar Leeds
Rockstar Toronto
Издавач(и) Rockstar Games
Автор(и) Дејвид Џонс
Ден Хаузер
Сем Хаузер
Прво издание Grand Theft Auto
1997 октомври
Последно издание Grand Theft Auto V
2013 септември

Играњето се состои од акција, авантура, возење, крадење, убивање и насилство што ѝ донесе многу контроверзии на оваа игра. Секоја игра од серијалот се фокусира на некој протагонист кој се обидува да стекне слава и пари преку криминалот, а во секоја нова игра играчот ќе мора да игра со нов лик кој има свое контроверзно минато и различни мотиви од главните ликови во другите игри.

Првата игра беше издадена во 1997 година, а досега се создадени девет самостојни игри, додека пак на десеттата сѐ уште се работи. Ветерани во полето на филмот како Мајкл Мадсен, Берт Рејнолдс, Денис Хопер, Семјуел Л. Џексон, Крис Пен, Џејмс Вудс, Џо Пантолијано, Френк Винсет, Роберт Логија и Реј Лиота ги позајмуваат гласовите на сите главни ликови во овој серијал.

Преглед

уреди

Игрите од овој серијал му нудат на играчот да се знимава со криминал во поголемите градови. Скоро сите игри започнуваат со некој мал индивидуалец доаѓа во некој голем град во кој има роднини, почнува да се занимава со криминал, и станува познат криминалец во градот. Играчот мора да изврши многу различни мисии со кои ќе докаже дека е врвен криминалец, и дека е достоен за почитување. Мисиите најчесто се состојат од крадење на оружје или пари, убивање некого, бркање на некого, или бегање од некого. Во некои мисии ниедно од овие работи не се бара, туку само купување нова облека, правење нова фризура, учење како да се пука или како да се лета со авион, и други слични мисии.

Иако мисиите се неопходни за отклучување на некои места на мапата, или добивање на некои привилегии, тие не се потребни. Во секоја игра од серијалот, играчот може да го истражува големиот град и околината, да се занимава со криминал од забава, или пак да си најде некоја работа и да заработи пари.

Со почеток од играта Grand Theft Auto III во игрите беа внесени некои подобрувања, како 3D графиката со која играчот може да види некој човек или предмет од секоја перспектива, и радио станици со долга програма во автoмобилите, оваа програма вклучува пуштање музика од повеќе жанрови, шоуа со зборување, но и вести за случувањата во градовите во кои играте.

Игри од серијалот

уреди

Grand Theft Auto

уреди

Играта Grand Theft Auto е прва од овој серијал и беше издадена во 1997 за играчката конзола Playstation и за личен сметач. Оваа игра е сместена во градовите Либерти Сити, Сан Андреас и Вајс Сити. Смалена верзија за играчката конзола Game Boy Color и две раширување во кои дејството се обвива во Лондон во 1960 беа реализирани подоцна.

Grand Theft Auto 2

уреди

Втората игра од овој серијал, Grand Theft Auto 2, беше издадена за личен сметач, и за играчките конзоли Playstation и Dreamcast во 1999. Оваа игра поседува подобрена графика и променет начин на играње. Смалена верзија за играта беше реализирана за играчката конзола Game Boy Color подоцна.

Grand Theft Auto III

уреди

Grand Theft Auto Vice City

уреди

Grand Theft Auto San Andreas

уреди

Grand Theft Autо: San Andreas (се чита: гренд тефт ауто сан андреас) е поставена во фикционалната држава Сан Андреас, составена од три града - метрополи. Со дејство временски сместено во доцната 1992,[1] San Andreas се центрира околу Карл „Си-Џеј“ Џонсон, член на банда, кој се враќа од Либерти Сити во Лос Сантос, Сан Андреас по веста дека неговата мајка е убиена. Си-Џеј ја наоѓа неговата фамилија и неговата стара банда, Фамилиите од улицата Гроув (анг: Grove Street Families), во неред. Со текот на играта, Си-Џеј го отплетува заплетот зад смртта на мајка си додека одново ја основа својата банда и ги проширува своите деловни авантури. Како и другите игри во серијалот, San Andreas го применува стилот на игра со „отворен свет“ кој им дава на играчите поголема контрола околу нивното играчко искуство. Играта има повеќе додатни можности за разлика од своите претходници, како што се можностите за војни меѓу бандите, автомобилско модификување и персонализација на главниот лик.

Како и претходните игри од Grand Theft Auto серијалот, критичкиот и комерцијалниот успех на San Andreas не поминал без контроверзија. Најзабележителната контроверзност била врз мини играта „Жешко-кафе“, чија функционалност била исклучена пред издавањето, но останала во кодот на играта. Нејзиното откритие го доведе San Andreas до повторна оценка за содржината за да биде евентуално проценета како игра за возрасни лица[2] и да биде повлечена од полиците на дистрибутерите.

Grand Theft Auto IV

уреди

Наводи

уреди
  1. „Grand Theft Auto: San Andreas сценарио на играта“. Посетено на 17 март 2007.
  2. Герстман, Џеф (25 октомври 2004). „Grand Theft Auto: San Andreas преглед“. GameSpot. Посетено на 22 март 2008.

Надворешни врски

уреди