Тахумулко (вулкан)
Тахумулко ― голем стратовулкан во департманот Сан Маркос во западна Гватемала. Тој е највисоката планина во Средна Америка со 4.203 метри. Тој е дел од планинскиот венец Сиера Мадре де Чијапас, кој започнува во најјужната мексиканска држава Чијапас.[1]
Тахумулко | |
---|---|
Кратер на вулканот Тахумулко | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4203 м |
Истакнатост | 3980 м |
Заведена како | |
Координати | 15°02′37″N 91°54′12″W / 15.043685° СГШ; 91.903308° ЗГД |
Географија | |
Место | Сан Маркос, Гватемала |
Матичен венец | Сиера Мадре |
Геологија | |
Вид | Стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Средноамерикански вулкански лак |
Последен избув | Непознато |
Опис
уредиТахумулко е составен од андезитско дацитски лави на врвот на голем гребен од непознато потекло. Има два врва, од кои едниот има кратер широк 50-70 метри. Тек на лавата од северозападниот врв се спушта во стрмна долина на истата страна на вулканот.[2]
Историјата на избувите на вулканот е нејасна и не е познат датумот на неговиот последен избув. Извештаите од 18 и почетокот на 19 век тврдат дека се забележани избуви, но тие не се сметаат за веродостојни.[2]
Регионот околу Тахумулко е релативно ретко населен.[2] Најблискиот град е Сан Маркос, кој се наоѓа на 14 километри на југоисток.[1] Иако е ретко посетен,[2] вулканот можете да го искачите за околу пет часа од селото Туичан. Погледот е променлив бидејќи областа е често покриена со магла и облаци.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 "Tajumulco Volcano." Britannica Library, Encyclopædia Britannica, 27 февруари 2012. Пристапено на 24 февруари 2022
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Tajumulco“. Smithsonian Institution National Museum of Natural History Global Volcanism Program. Посетено на 24 февруари 2022.
- ↑ Stewart, Iain (2009). The Rough Guide to Guatemala. Rough Guides Limited. стр. 477. ISBN 978-1-84836-017-4.
Литература
уреди- Encyclopædia Britannica Online. „Tajumulco Volcano“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на 24 февруари 2022.
- INSIVUMEH. „Volcanes de Guatemala“ (шпански). Guatemala City: Instituto Nacional de Sismología, Vulcanología, Meteorologíá e Hidrologíá (INSIVUMEH) - Ministerio de Comunicaciones, Infraestructura y Vivienda. Посетено на 24 февруари 2022.
- Global Volcanism Program. „Tajumulco“. Washington, D.C.: Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на 2020-11-14. Посетено на 24 февруари 2022.
Надворешни врски
уреди- „Tajumulco“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. (англиски)
- Тахумулко (вулкан) на Ризницата ?