Вуков сабор
Вуков сабор е најстара и најмасовна културна манифестација во Србија. Посветена е на негување на споменот на животот и делото на реформаторот на српскиот јазик Вук Стефановиќ Караџиќ.[1] Централната програма традиционално се одржува во септември во вуковото родно мест Тршиќ кај Лозница. Дел од програмата се реализира воу Лозница, Белград и блискиот манастир Троноша, место на раното вуково школување.
Вуков сабор | |
---|---|
Зачестеност | Секоја година |
Локација | Србија Лозница Тршиќ Манастир Троноша |
Првпат | 17 септември 1933 |
Поддржувач | Центар за култура „Вук Караџиќ“ во Лозница Град Лозница Министерство за култура и информирање на Република Србија |
Мрежно место | |
http://ckvkaradzic.org.rs/cir/manifestacij%D0%B0_vukov_sabor.html |
Вуковиот сабор е сместен во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.[1]
Историја
уредиПрвиот Вуков сабор е одржан во 1933 година и од тогаш не е одржан единствено за време на Втората светска војна.[2] Одржавањето на Вуковиот сабор за жителите на Тршиќ и околните села е време кога пријателите и роднините од другите краеви им доаѓаат на гости, како што тоа се прави и на селските слави, и заедно учествуваат во програмата во рамки на Саборот.[1]
Реден број | Година | Датуми | Беседник на централната манифестација |
---|---|---|---|
78 | 2011 | септември 12–18, 2011[3] | Ангела Рихтер[3] |
79 | 2012 | септември 10–16, 2012 | Ранко Рисојевиќ[4] |
80 | 2013 | септември 9–15, 2013 | Душан Ковачевиќ[5] |
81 | 2014 | септември 8–14, 2014 | Драган Станиќ[6] |
82 | 2015 | септември 14–20, 2015 | Бошко Сувајџиќ[7] |
83 | 2016 | септември 12–18, 2016 | Светислав Божиќ[8] |
84 | 2017 | септември 11–17, 2017 | Александар Вучиќ[9] |
85 | 2018 | септември 10–16, 2018 | Вељко Брбориќ[10] |
86 | 2019 | септември 9–15, 2019 | Емир Кустурица[11] |
87 | 2020 | септември 14–20, 2020 | Јанко Вујиновиќ[12] |
Програма на манифестацијата
уредиЦентралната програма традиционално се одржува во септември во вуковото родно место Тршиќ кај Лозница. Дел од програмата се реализира во Лозница, Београд и блискиот манастир Троноша, место на раното вуково школување. Програмата на Вуковиот сабор опфаќа тематски изложби, театарские претстави, концерти, литературни и филмски вечери, промоции на книги и слични приредби.
Централна манифестација
уредиЦентралната манифестација се одржува на сабориштето, на отворена сцена во Тршиќ, и традиционално почнува со изведување на „Химна на Вук” (српски јазик: „Химне Вуку”) на Стеван Мокрањац и со подигање на знамето на саборот. Следат поздравниот говор на претседателот на градот Лозница и саборска беседа на некој истакнат книжевник, уметник или научник. Потоа се изведува избраното музичко-сценско дело. На крајот настапуваат фолклорните ансамбли.
Сабориште
уредиСабориштето денес претставува единствен музеј на народно неимарство на отворено, на кој покрај гледалиштето и театарот, во форма на амфитеатар, поставени градби кои потекнуваат од 19 век или почетокот на 20 век.[13][14]
Организатори
уредиОрганизатори на саборот се Центарот за култура „Вук Караџиќ” и градот Лозница, под покровителство на Министерство за култура и информирање на Република Србија.
Нематеријално културно наследство
уредиЛокалната заедница имала голема улога во осмислување на програмата на оваа манифестација, поради што таа сочинува дел од идентитетот на местото Тршиќ, во околина на градот Лозница во западна Србија. Вуковиот сабор е сместен во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „ВУКОВ САБОР“. Нематеријално културно наслеђе Србије. Министарство културе и информисања Републике Србије, Етнографски музеј у Београду. Посетено на 18 јануари 2019.
- ↑ „Почиње 76. Вуков сабор“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 12 септември 2011. Посетено на 20 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „Na Vukovom saboru besednik prvi put - stranac“. Radio Television of Vojvodina (српски). 2011-09-05. Посетено на 2021-01-19.
- ↑ „Završen Vukov sabor“. Radio Television of Serbia (српски). 2012-09-16. Посетено на 2021-01-19.
- ↑ „Završen 80. Vukov sabor“. Radio Television of Serbia (српски). 2013-09-15. Посетено на 2021-01-19.
- ↑ „Završen 81. Vukov sabor“. Radio Television of Serbia (српски). 2014-09-14. Посетено на 2021-01-19.
- ↑ Mitrić, V. (2015-09-20). „ZAVRŠEN 87. VUKOV SABOR U TRŠIĆU: Jezik - majčevina i očevina“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
- ↑ Mitrić, V. (2016-09-18). „ZAVRŠEN VUKOV SABOR U TRŠIĆU: Stvorio veliko delo za naš rod“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
- ↑ „Vučić: Vukov sabor danas najvažniji skup u Srbiji“. N1info.com (српски). 2017-09-17. Посетено на 2021-01-18.
- ↑ Mitrić, V. (2018-09-10). „Počinje 85. Vukov sabor“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
- ↑ Mitrić, V. (2019-09-07). „NAJAVLjEN 86. VUKOV SABOR: Kusturica u ulozi besednika“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
- ↑ Mitrić, V. (2020-09-10). „BESEDA JANKU VUJINOVIĆU: Vukov sabor počinje u ponedeljak u Loznici“. Večernje novosti (српски). Посетено на 2021-01-18.
- ↑ „Завршена санација Саборишта у Тршићу“. Новости. 14 септември 2009. Посетено на 7 ноември 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „83. Vukov sabor“. Podrinje info. Архивирано од изворникот на 2022-01-19. Посетено на 7 ноември 2016.
Литература
уреди- Пашић, Феликс (2008). Вукови сабори: 1933—2008. Лозница: Центар за културу „Вук Караџић”. ISBN 978-86-84195-15-1.
Надворешни врски
уреди- Центар за културу „Вук Караџић“ Архивирано на 13 август 2017 г.