Во осамено место (филм од 1950)
„Во осамено место“ (англиски: In lonely place) — американски филм од 1950 година, во режија на Николас Реј. Главните улоги ги толкуваат: Хемфри Богарт, Глорија Греам, Марта Стјуарт, Френк Лавџој итн.[1]
Содржина
уредиЕдна вечер, филмскиот сценарист Диксон Стил посетува ноќен клуб во друштво со неговиот агент Мел Липман. Таму, Диксон започнува кавга со темпераментен млад глумец, а потоа ја поминува ноќта со младата Милдред Еткинсон. Диксон е конфликтна личност и одамна нема напишано добро сценарио, додека Милдред е амбициозна млада девојка која има идеја за филмска приказна. Откако Милдред го напушта станот на Диксон, истата ноќ таа е убиена. За убиството е осомничен Диксон, но во негова заштита стапува сосетката Лорел Греј. Истрагата на убиството ја води стариот познаник на Диксон, детективот Бруб Николај, а во меѓувреме Диксон се зближува со Лорел, која му дава инспирација повторно да почне да пишува...[2]