Војна и мир е советски филм од 1966 година, во режија на Сергеј Бондарчук, снимен врз основа на романот на Лав ТолстојВојна и мир“. Сценариото го напишале Сергеј Бондарчук и Василиј Соловјов, а музиката била дело на Вјачеслав Овчиников. Во главните улоги настапуваат: Сергеј Бондарчук, Људмила Савелева и Вјачеслав Тихонов. Филмот трае дури 427 минути. Во 1969 година, филмот ја добил наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје, а бил номиниран уште во категоријата „најдобро уметничко уредување“. Истата година, филмот го освоил и „златниот глобус“ во категоријата „најдобар странски филм“, а покрај тоа, филмот освоил уште четири други награди.[1]

Режисерско сценарио на „Војна и мир“
Костим користен за време на снимањето

Содржина

уреди

Филмот претставува екранизација на истоимениот роман на Толстој и во него се прикажуваат две паралелни приказни: едната се однесува на големата љубов меѓу Наташа Ростова (ја глуми Савелева) и кнезот Андреј Болконски (го глуми Тихонов), кој подоцна трагично го губи животот во војната против Наполеон, а потоа се мажи за грофот Пјер Безухов (го глуми Бондарчук). Другата приказна е во врска со големата војна на руската и француската армија, која под водство на императорот Наполеон влегува во Москва, но подоцна мора да се повлече, трпејќи големи загуби. Војната кулминира со големата битка кај Бородино.[2]

Наводи

уреди