Волкот од Волстрит
„Волкот од Волстрит“ (англиски: The Wolf of Wall Street) — американски филм од 2013 година, во режија на Мартин Скорсезе, според сценариото на Теренс Винтер, засновано врз истоимената книга на Џордан Белфорт. Во главните улоги настапуваат: Леонардо ди Каприо, Џона Хил, Марго Роби, Метју Меконахи, Кајл Чендлер, Роб Рејнер, итн. Во 2014 година, филмот имал пет номинации за наградата „Оскар“ и четири номинации за наградите на БАФТА; за својата улога, Леонардо ди Каприо освоил „Златен глобус“; а вкупно, филмот освоил 38 награди и имал 170 номинации.[3]
„Волкот од Волстрит“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Мартин Скорсезе |
Продуцент |
|
Главни улоги | |
Дистрибутер | Paramount Pictures (САД и Јапонија) Universal Pictures (меѓународно) |
Премиера | 26 декември 2013 г. (Македонија) |
Времетраење | 180 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 100 милиони долари |
Бруто заработка | 406,9 милиони долари[2] |
Содржина
уредиФилмот е заснован врз вистинска приказна за успехот и пропаста на Џордан Белфорт, кој во 1990-тите направил голема кариера на Вол Стрит, но подоцна бил затворен поради вмешаност во криминални активности. Белфорт (го игра ди Каприо) е младо момче од Њујорк кое сонува набрзина да се збогати. Заедно со другарот Дони (го игра Хил), тој ја основа фирмата „Стратон Окмонт“ и со помош на инсајдерско тргување и берзански манипулации успева да заработи могу пари. Притоа, тој води блуден живот, постојано користи дроги, вози скапи автомобили и е опкружен со убави девојки. Но, ФБИ почнува да ја следи неговата активност и Џордан и Дони тајно ги префрлаат парите во приватна банка во Швајцарија. ФБИ ги испрашува вработените во „Стратон“, но од нив не може да извлече никакви корисни информации што би биле употребени како доказ против Џордан. Проблемите почнуваат кога ФБИ го апси швајцарскиот банкар поради вмешаност во финансирање на трговијата со дрога. Тогаш, ФБИ го апси Џордан и се спогодува со него да им послужи како поткажувач во замена на пониска затворска казна. Така, Џордан го губи богатството, го напушта сопругата (ја игра Роби) со ќеркичката, а тој завршува в затвор. Во завршната сцена од филмот, по излегувањет од затворот, Џордан држи предавање пред аудиториум во Нов Зеланд.[4]
Наводи
уреди- ↑ „The Wolf of Wall Street (18)“. British Board of Film Classification. December 12, 2013. Архивирано од изворникот на October 17, 2014. Посетено на October 17, 2014.
- ↑ Предлошка:Cite Box Office Mojo
- ↑ IMDb, The Wolf of Wall Street (2013) Awards (пристапено на 31.12.2017)
- ↑ IMDb, The Wolf of Wall Street (2013) (пристапено на 31.12.2017)