Воен музеј (Солун)
Воениот музеј (грчки: Πολεμικό Μουσείο Θεσσαλονίκης) — музеј кој се наоѓа во Солун, Грција.
Поглед кон објектот. | |
Основан | 1902 (изградена) 2000 (музеј) |
---|---|
Место | Солун, Грција |
Тип | музеј |
Мреж. место | www.warmuseumthessaloniki.com |
Историја
уредиВоениот музеј на Солун бил отворен во октомври 2000 година. Зградата во која се наоѓа музејот била изградена во периодот 1900-1902 година, по проект на архитектот Виталијано Позели.
Мисијата на музејот се состои во поддршка на активностите на Воениот музеј на Атина во Северна Грција и соодветно на настаните во северниот дел на земјата, со цел зачувување на историското и воено наследство на Грците во Северна Грција. Со своите постојани експозиции и различни изложби, музејот го нагласува постоењето на грчкиот народ во текот на целата историја, а во исто време придонесува за документирано обезбедување на историјата на Грција во војните.
Колекцијата вклучува фотографии, униформи на грчката армија, воздухопловните сили и ВМФ, макети на топови и бродови, уметнички дела, мапи, разгледници и слични експонати од армиите на другите балкански земји. Овие експонати ја опфаќаат Грчката револуција, Борбата за Македонија, Балканските војни, Првата светска војна, Грчко-турската војна, Грчко-италијанската војна, одбрана на линијата "Метаксас" во источна Македонија во 1941 година, Битка за Крит, окупацијата на Грција и грчкиот национален отпор, учеството на грчката армија во сојузничките операции во Северна Африка, Италија и Нормандија и ослободувањето на земјата од окупацијата. Покрај изложбените сали, воениот музеј располага со амфитеатар, повеќенаменска сала и богата библиотека од историски и воени публикации. Сите изданија на Министерството за одбрана, Секторот за воена историја и Воениот музеј се продаваат во книжарницата на музејот.
Под отворено небо, пред зградата на музејот, се наоѓаат експонати на оклопни возила и авиони.
Надворешни врски
уреди- Воен музеј (Солун) на Ризницата ?