Водлозерски национален парк

Национален парк Водлозерски (руски: Водлозерский национальный парк) — национален парк во Северна Русија, кој се протега во Онешкиот реон на Архангелската Област и Пудошката Област во автономната република Карелија. Основан е на 20 април 1991, од 2001 година националниот парк има статус на резерват на биосферата на УНЕСКО. Националниот парк е создаден за да ги заштити иглолисните шуми (тајга) во Северна Русија.[1]

Водлозерски национален парк
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоРусија Русија
Најблизок градПудож, Онега
Површина4.280 км2
Воспоставен(а)20. април 1991 година
Управно тело„Федерален центар за шумарството во Русије“

Паркот има површина од 4 280 км2, дополнителни 400 км2 се користат од паркот, но им припаѓа на трети лица. Националниот парк Водлозерски е втор по големина парк во Европа по Националниот парк Југид-ва, а трет во Русија. Во зоната на паркот се вбројуваат и Водлозеро, сливот на реката Илекса, главните притоки на езерото и горниот тек на реката Водла, островите на езерото.[2]

Историја

уреди

Првите луѓе се населиле во подрачјето на езерото Водлозеро во праисториското време, околу 6-8 илјади години п.н.е. Русите ( Новгороданците ) го колонизирале подрачјето околу езерото кога барале трговски патишта кон Белото Море. Езерото Водлозеро била една од точките на рутата што води понатаму кон реката Онега, а ја колонизирале во 14 и 15 век. Во паркот има неколку десетици споменици на дрвена архитектура (18-19 век). Најистакнат е Иљински Погост, ансамбл на дрвена црква опкружен со ѕид. На почетокот на 20 век, околу езерото Водлозеро имало околу 40 села, од кои повеќето во моментов се напуштени.[3]

Националниот парк е основан во 1991 година и стана еден од првите национални паркови во Русија. Во 1996 година се сметаше дека паркот се приклучува на Светското Наследство, но беше одбиен. Причината за одбивањето беше тоа што не беше „природно“ место. Во моментов е изложен под критериумот „културен пејзаж“.[4]

Локација и географија

уреди

Два дела на националниот парк - јужниот дел, околу езерото Водлозеро и северниот дел, речната долина на реката Илекса - се одликуваат со различна клима. Северниот дел има клима типична за северната тајга, со долги и студени зими (најниската температура забележана во паркот е -45 °C). Климата во јужниот дел е многу поблага.[5]

 
Езерото Водлозеро од вселената (слика на НАСА)

Северниот дел е ридски, со ридови високи и до 20 метри. Во северниот дел има Ветровит појас ( руски: Кряж Ветряный Пояс). Јужниот дел е скоро рамен.

Во паркот има неколку езера. Убедливо најголемото езеро е Водлозеро, сепак има и езера во сливот на реката Илекса, вклучувајќи ги езерото Монастирскоје, езерото Нелмозеро и езерото Лузскоје. Мочуриштата зафаќаат околу 40% од површината на паркот.[5]

Скоро целиот останат дел е покриен со шума. Од нив, 53,5 % смрекова шума, 44,1 % борова шума, а останатите 2% се под бреза ( Маjаљава бреза и Бела бреза ) и јасика.[6]

Туризам и инфраструктура

уреди
 
Дрвена црква Иљински Погост, споменик на културата, изградена на остров во езерото Волдозеро.

Во рамките на паркот има само една населба, селото Куганаволок.Поврзано е со пат со градот Пудож. Во селото има центар за посетители. Исто така има и рекреативни објекти, како и места за кампување на други локации во паркот.

Сите посетители на паркот мора да набават дозвола во центарот за посетители (во паркот или во Петрозаводск).

Реките Илекса и Водла се популарни за сплаварење. Постојат посебни делови за набљудување на птици и риболов .

Користена литература

уреди
  1. Водлозерский национальный парк. Особо охраняемые природные территории России. Посетено на 19 август 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Vodlozero National Park Karelia-Arkhangelsk Region“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 5 февруари 2008.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Рекреационная деятельность. Особо охраняемые природные территории России. Посетено на 19 август 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Vodlozero National Park“. Greenpeace. Архивирано од изворникот на 2017-08-22. Посетено на 5 февруари 2008.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. 5,0 5,1 Физико-географические условия. Особо охраняемые природные территории России. Посетено на 19 август 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. Растительность. Особо охраняемые природные территории России. Посетено на 19 август 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)